http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/264389bro_potrosuvaci.jpglink
http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/779087bro_stopanstvenici.jpglink
http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/960376bro_inspektori.jpglink
Брошура за потрошувачи Брошура за стопанственици Брошура за инспектори

Информација

ИЗВАДОК од нацрт - записникот од Педесет и трета седница на Влада на Р.М. одржана на 06.02.2018 г.

Соопштение

Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес

Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес

СООПШТЕНИЕ !

 
Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност (Сл.весник на РМ број 62/04....129/15) од 15.02.2016 година па се до 31.05.2016 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко. Тоа значи дека:
-Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги може да работат од 07:00 до 24:00 часот.  Во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и празнични денови работното време е до 01:00 часот.
-Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот, а во деновите петок и сабота, спроти празници и празници до 05:00 часот.
- Диско клубовите се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови, односно до 06:00 часот во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и во празнични денови.
Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе ги интензивира инспекциските надзори над почитување на одредбите од  Законот за угостителска дејност, посебно делот за работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти како и надзорите над одредбите од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. 

СООПШТЕНИЕ

Aктивност на Државниот пазарен инспекторат
Државниот пазарен инспекторат  во соработка со преставници на МВР  ПС Центар преку  Одделение за инспекциски надзор Скопје  на ден 11.08.2015 година  изврши  координиран   инспекциски надзор над работењето на физички лица кои вршат трговија на мало со алкохолен  пијалок.
При вршење на надзорот на паркинг простор  на ул Мито Хаџи Василев Јасмин  (пред влезот за Зелен Пазар) затечени се 4 (четири) физички лица  кои вршат трговија на мало со ракија  без да се регистрирани во соодветен регистар.
Врз основа на констатираната фактичка состојба  и согласно надлежноста на Државниот пазарен инспекторат  одземени се 396 литри ракија  а  на физичките лица е доставена покана за наплата на глоба вредност 200 евра.
Заедничките активности на Државниот пазарен инпекторат и МВР ќе продолжат и во престојниот временски период, а со цел намалување на сивата економија.

СООПШТЕНИЕ

Согласно член 23 од  Законот за угостителска дејност,  работното време  на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги  во деновите  петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови , како и периодот од 1 јуни до 31 август можат да работат од 07:00 часот до 01:00 часот  наредниот ден.

Угостителски објекти -дискоклуб и дискоклуб на отворен простор можат да работат од 20:00 до 05: 00 часот наредниот ден , во деновите петок и сабота , спроти празнични денови и празнични денови , како и периодот од 1 јуни  до 31 август.

 

Страница 1 од 4

Почеток
Пред
1
prijava-gragjani
mmap
opasnost
informacii
оглас

Формулари и пријави

Законски прописи

Листа на Закони и подзаконски акти по кои постапува Државниот Пазарен Инспекторат

повеќе

USAID