http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/264389bro_potrosuvaci.jpglink
http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/779087bro_stopanstvenici.jpglink
http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/960376bro_inspektori.jpglink
Брошура за потрошувачи Брошура за стопанственици Брошура за инспектори

Соопштение за јавноста 06.11.2014

Државниот пазарен инспекторат на Република Македонија, преку Одделението за инспекциски надзор-Скопје, во соработка со преставници од Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, изврши инспекциски надзори на 04 и 05.11.2014 година, на територија на Општина Куманово и на територија на Град Скопје, Општина Чаир.

Предмет на надзорот беше: Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.

- 04.11.2014 година- извршени се вкупно 12 инспекциски надзори. Предмет на инспекциски надзор беа угостителските објекти во село Липково, Лојане и Опаје, како и угостителските објекти во градот Куманово.

- 05.11.2014 година- извршени се вкупно 10 инспекциски надзори. Предмет на инспекциски надзор беа угостителските објекти во Старата Скопска Чаршија, локалитетот "Треска" Скопје Север и ТЦ "Чаирчанка" на територија на Град Скопје.

При инспекциските надзори во 4 (четири) угостителски објекти е констатирано дека се врши угостителска дејност без упис во Централниот регистар, согласно Законот за угостителска дејност Државниот пазарен инспекторат донесе решенија за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.

Постапувајќи по Законот за заштита од пушење во 5 (пет) угостителски објекти, констатирано е непочитување на одредбите од овој закон. Државните пазарни инспектори ќе донесат решенија за привремена забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 15 (петнаесет) за правно лице и 7 (седум) дена за трговец поединец.

Во моментот на надзорот во 4 (четири) угостителски објекти затечени се 8 (осум) физички лица кои не го почитувале Законот за заштита од пушење и против истите ќе бидат покренати Прекршочни постапки.

За сторените неправилности на правните субјекти им се издадени платни налози во висина од 2500 евра кои во рок од 8 дена треба да ги уплатат во Буџетот на Р.Македонија. Доколку платните налози не бидат платени во дадениот рок, против правните субјекти ќе бидат поднесени барања за поведувања на прекршочна постапка до Основен суд.

Активностите на Државниот пазарен инспекторат за контрола на угостителските објекти ќе продолжат и во наредниот период на цела територија на Р.Македонија согласно Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност од 01.09.2014 година, па се до 24.12.2014 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко, освен во деновите петок и сабота, како и спроти празници и празнични денови, кога се работи плус еден час. Тоа значи дека:
-Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги (ресторани, кафулиња) може да работат од 07:00 до 24:00 часот.  
-Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот.
- Дискоклубовите и дискоклубовите на отворен простор се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови.
Сите видови на  угостителски објекти во деновите петок и сабота, како и спроти празници и во празнични денови може да работат плус еден час.
Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе врши  инспекциски надзори врз основа на одредбите од  Законот за угостителска дејност, посебно во делот на почитување на работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти. 
Државен пазарен инспекторат

Заеднички акции за надзор на пазарот во Југоисточна Европа

Завршната конференција на проектот "Заеднички акции за надзор на пазарот" се одржа на 24 и 25 јуни во Белград, Р. Србија. Kонференцијата претставуваше сублимат на 9-месечните активности спроведени во рамките на регионалниот проект со фокус на заеднички избор на производот, земањето примероци, тестирање и проценка на ризикот. Во проектот учествуваа инспекциските органи на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Овие активности се дел од „Регионалниот проект за надзор на пазарот" кој во овој момент се имплементира во рамките на Отворениот регионален фонд за промоција на трговијата. Проектот го имплементира ГИЗ (Deutsche Gesellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit), а е финансиран од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија.

Повеќе...

Заедничка акција на органите за надзор на пазарот на земјите од југоисточна Европа

Во рамките на регионалниот проект „ Унапредување на координацијата и соработката на институциите за надзор на пазарот на земјите од  југоисточна Европа“ имплементиран од ГИЗ и финансиран од Министерството за економски развој и соработка на Германија, представници на органите за надзор на пазарот од  југоисточна Европа учествуваа на 3 – дневна заедничка акција за надзор на пазарот. 

Повеќе...

Проект: Нема погрешна врата


Страница 3 од 3

3
Следно
Крај
prijava-gragjani
mmap
opasnost
opasnost

Формулари и пријави

Законски прописи

Листа на Закони и подзаконски акти по кои постапува Државниот Пазарен Инспекторат

повеќе

USAID