http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/264389bro_potrosuvaci.jpglink
http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/779087bro_stopanstvenici.jpglink
http://dpi.gov.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/960376bro_inspektori.jpglink
Брошура за потрошувачи Брошура за стопанственици Брошура за инспектори

СООПШТЕНИЕ

 Во рамките на делокругот на активностите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот временски период ќе се интензивираат контролите на правни и физички лица кои вршат угостителска и туристичка дејност согласно Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност, и тоа:
 
Угостителски објекти
 Без разлика на видот на угостителскскиот објект, посебен акцент во контролата ќе биде ставен на придржување на пропишаното работното време  во ноќнки барови, кабаре , дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, контрола на лиценците, како и контрола на одобренијата за вршење дејност надвор пред деловниот објект.
 Поради висината на глобите и можните несакани последици во делот на управната постапка, односно затварање на угостителските објекти ги замолуваме вршителите на угостителска дејност да се придржуваат кон законските обврски од Законот за вршење на угостителска дејност. 
Доколку граѓаните воочат било какви неправилности истите можат да ги пријават во Државниот пазарен инспекторат по електронски пат или во писмена форма.
 
Туристички Агенции. 
 Предмет на надзорот кај туристичките агенции е поседување на лиценци за вршење на туристичка дејност, придржување на правата и обврските кај агенциите  , придржување на елементи на договорите, издавање на туристички ваучери,  должност на имање на  туристички придружник   при организирање на туристичка група.
 Во таа насока Државниот пазарен инспекторат ги повикува сите  корисници  на туристички услуги во Република Македонија при   при секое туристичко патување  да внимаваат на следново :
-при потпишување на договорите со туристичката агенција да проверат дали истата поседува лиценца за вршење на туристичка дејност
- да добие туристички ваучер за патувањето.
- да добие туристички водич за патувањето, во случајот кога се користи аранжман надвор од државата
- внимателно да го прочита договорот
 Доколку корисниците на туристичките пакети не се задоволни од користената услуга  можат своите права да ги побараат  во писмена форма или во електронска форма до Државниот пазарен инспекторат.

28 Април-Светски ден на интелектуална сопственост

Во соработка со Американската стопанска комора во Република Македонија на ден 28 Април, 2015 година, во Скопје, по повод  Светскиот ден на интелектуална сопственост се одржа работилница за инспекторите на Државниот пазарен инспекторат на која што присуствуваа и претставниците на Министерството за внатрешни работи.

Повеќе...

“ Регионалнен проект за надзор на пазарот “

Во рамките на “ Регионалниот проект за надзор на пазарот “ на 7 и 8 Април во Скопје се одржа регионална работилница, семинар за соработка меѓу претставници на пазарните и царинските органи.
Настанот беше организиран со цел зголемување на свеста и зајакнување на соработката меѓу институциите одговорни за надзор на пазарот,т.е меѓу пазарниот инспекторат и царинските органи  и преку заедничка дискусија и презентација од меѓународните експерти се дискутира за имплементација на европската регулатива од оваа област.( Регулатива 765:2008) Оваа работилница е дел од тековниот проект ” Регионален проект за надзор на пазарот” во рамките на Отворениот Регионален Фонд за Трговска Промоција, имплементиран од ГИЗ (Deutsche Gesellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit),и финансиран од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија.
На работилницата присуствуваа повеќе од 15 претставници од пазарните инспекторати и царински органи од Албанија, Босна и Херцеговина,Македонија,Црна Гора,Косово и Србија каде што имаа можност да презентираат и дискутираат за најдобрите практики за тоа како да се организираат и како да се подобри нивната соработка.

Информација-Координирана акција

Државниот пазарен инспекторат -Одделение за инспекциски надзор Скопје на ден 31.03.2015 година, изврши инспекциски надзори над работењето на физички лица кои вршат  трговија на мало со разни производи на ул. Лазар Личеновски бб (под Кале).
 Надзорите се извршија во координација со  претставници од Министерството за внатрешни работи , во период од 08.30 до 12.00 часот.
 При  надзорите од лицата се одземени следните стоки: Прехранбени производи во количина од 934 парчиња (паштети со изминат рок),kозметички средства- 40 парчиња  и средства за општа употреба- 132 парчиња
 Против  физичките лица кои биле затекнати како нерегистрирано вршат трговска дејност  до надлежниот Основен суд  ќе бидат поднесени  три барања за поведување на  прекршочна  постапка.

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Државниот пазарен инспекторат ги известува сите правни субјекти- вршители на угостителска дејност дека во периодот што следува ќе ги интензивира инспекциските надзори кај угостителите кои вршат угостителска дејност надвор пред деловниот објект.Од тие причини  потребно е сите угостителски објекти да обезбедат одобрение за вршење на угостителска дејност пред објект( чл.8 од Законот за угостителска дејност) издадена од градоначаникот на општината,а во градот Скопје од градоначалникот на град Скопје.

Страница 2 од 3

2
prijava-gragjani
mmap
opasnost
opasnost

Формулари и пријави

Законски прописи

Листа на Закони и подзаконски акти по кои постапува Државниот Пазарен Инспекторат

повеќе

USAID