Заеднички акции за надзор на пазарот во Југоисточна Европа

Завршната конференција на проектот "Заеднички акции за надзор на пазарот" се одржа на 24 и 25 јуни во Белград, Р. Србија. Kонференцијата претставуваше сублимат на 9-месечните активности спроведени во рамките на регионалниот проект со фокус на заеднички избор на производот, земањето примероци, тестирање и проценка на ризикот. Во проектот учествуваа инспекциските органи на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Овие активности се дел од „Регионалниот проект за надзор на пазарот" кој во овој момент се имплементира во рамките на Отворениот регионален фонд за промоција на трговијата. Проектот го имплементира ГИЗ (Deutsche Gesellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit), а е финансиран од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија.

На Завршната конференцијата присуствуваа повеќе од 40 учесници кои што има можност да ги споделат нивните искуства и да дискутираат за резултатите од спроведените заеднички акции за надзор на пазарот во Подгорица, Скопје и Бања Лука. Секоја од споменатите акции траеше по три дена и истите им овозможија на инспекторите да научат и разменат искуства на темите како што се: планирање на проект за надзор на пазарот, подготовка на чек листи за проверка на производите, тестирање и проценка на ризик за опасните производи.

Трите заеднички акции надзор на пазарот беа насочени кон следните групи на производи: играчки, електрични уреди и производи за деца, додека во рамките на овие групи на производи акцентот беше ставен на детски телефони-играчки, фенови за коса и детски велосипеди од кои беа земени како примероци за анализа. Целокупниот процес базираше на ЕУ методологијата, а процесот беше надгледуван од страна на дански експерт.

Во текот на реализацијата на заедничките надзори, беа идентификувани повеќе од 15 можни сценарија на повреди, кои можат да се претставуваат добра основа за понатамошна работа на инспекторите за надзор на пазарот во регионот.

На крајот на конференцијата учесниците изразија задоволство од стекнатото искуство и ја потенцираа отребата за продолжување на активностите за продлабочување на регионалната соработка на полето на надзорот на пазарот, а се со цел заштита на крајниот потрошувач.

GIZ-BG-25.06.2014

prijava-gragjani
mmap
opasnost
opasnost

Формулари и пријави

Законски прописи

Листа на Закони и подзаконски акти по кои постапува Државниот Пазарен Инспекторат

повеќе

USAID