Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања од страна на деловни субјекти, граѓани и потрошувачи до Државниот пазарен инспекторат


1.До колку часот можат да работат угостителските објекти?

1. Работното време на угостителските објекти е регулирано со Законот за угостителската дејност.Согласно член 23 од цитираниот закон
угостителските објекти за сместување (хотели, мотели, пансиони, туристички населби, ноќевалишта и одморалишта) можат да работат од 00,00 до 24,00 часот, а угостителските објекти за исхрана кои се во состав на објектите за сместување по 24,00 часот можат да даваат само угостителски услуги за брза храна;
угостителските објекти за исхрана од членот 19 став 1 точка 1 на овој закон, кои претставуваат една градежна целина лоцирани на граничните премини, аеродроми, железнички станици и бензински пумпи можат да работат од 00,00 до 24,00 часот;
Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги може да работат од 07,00 до 24,00 часот, а на 31 декември до 07,00 часот наредниот ден;
Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 07,00 до 01,00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 07,00 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 03,00 часот наредниот ден;
Угостителските објекти - ноќен бар и кабаре можат да работат од 20,00 до 04,00 часот наредниот ден, во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 20,00 часот до 05,00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 20 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 06,00 часот наредниот ден и
Угостителски објект - дискоклуб и дискоклуб на отворен простор може да работи од 19,00 до 04,00 часот наредниот ден, во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 19,00 часот до 05,00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 19 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 06,00 часот наредниот ден.
По исклучок од одредбите на ставот 1 точки 2, 3 и 4 од овој член, угостителските објекти за брза храна ( сендвичари) можат да работат до 01,00 часот во зимскиот период,односно до 02,00 часот во летниот период, а во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови до 05,00 часот.
Советот на општината, односно Советот на градот Скопје, за одредени туристички, културни и друг вид манифестации, содржани во годишните програми, можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, за угостителските објекти од ставот 1 на овој член, но во времетраење најмногу до три дена.


2. За да се продаваат алкохолни пијалоци дали е потребно лиценца или одобрение. Доколку е потребен некој документ, кој орган го издава и колкава е важноста на документот (одоберението или лиценца)?

Продажбата на алкохолни пијалоци е регулирано во Законот за трговија . Согласно член 23-а став 1 од Законот за трговија, трговецот на мало кој врши продажба на алкохолни пијалаци, за продажбата на алкохолни пијалоци е должен да поседува лиценца Министерството за трговија на барање на трговецот на мало издава лиценца и истата важи за период од две години.

3.На кој начин се означува распродажба на производите и дали истите мора физички да се одвојат од производите кои не се на распродажба.

Законската обврска во делот на означување и распродажба на производите е регулирана во Законот заштита на потрошувачите член 12 , член 13 и член 14
Означувањето на распродажба, односно на намалување на цените, независно од тоа дали намалувањето е изразено во износ или процент, треба да бидат реални и вистинити и мора да бидат изразени на еден од следниве начини.

- со наведување на новата цена покрај видливо прецртаната претходна цена, или
- со наведување на зборовите "нова цена" и "стара цена" , или
- со наведување на процентот на намалување на цената и наведување на новата цена покрај видливо прецртаната претходна цена, или
- со наведување на процентот на одобреното намалување за секој одделен производ или услуга или за секоја наведена категорија производи или услуги.
Како претходна цена од ставот 1 на овој член се смета цената која трговецот ја применувал 30 дена пред отпочнувањето на распродажбата на производите.
Што се однесува до вториот дел од прашањето:Трговецот мора физички да ги одвои производите кои се ставени на распродажба од оние производи кои не се на распродажба и јасно и на видно место да истакне натпис дека се работи за распродажба.
Доколку трговецот стави на распродажба производи со грешка мора да истакне натпис со кој ќе се запознае потрошувачот во што се состои грешката на производот.
Трговецот мора физички да ги одвои производите кои се на распродажба поради изминување на рокот на употреба на посебен простор со јасно и на видно место истакнато известување за причината за намалување на цените и крајниот рок на употреба на производот.


4.Кои видови на угостителски објекти треба да имаат лиценци за вршење на угостителска дејност?

Издавањето на лиценци за вршење на угостителска дејност е регулирано со член 20 од Законот за вршење на угостителската дејност

Угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор се врши врз основа на лиценца.
Хотелите со најмалку четири ѕвездички можат да ја вршат дејноста од ставот 1 на овој член без лиценца

5 .Кој орган ја издава лиценцата за вршење на угостителска дејност и кој е рокот за важење на истата?

Лиценцата ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството ( Министерство за економија).
Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството ги пропишува формата и содржината на образецот на лиценцата, како и начинот на издавањето и одземањето на лиценцата.
Важност на лиценцата е за период од една година.

6. Кој го издава одобрението за вршење на угостителска дејност надвор пред деловниот објект?

Согласно Законот за вршење на угостителската дејност одобрението за вршење на угоститеската дејнсот надвор пред деловниорт објект го издадва градоначалникот на општината , а во градот Скопје , Градоначалникот на градот Скопје .

7 .Каде е дозволено пушење надвор од угостителските објекти?

Пушењево е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект ( тераса , летна бавча и слично) исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои немам никакви прегради ( стакло , фолии , пластифицирани или најлонски прегради и слично ) или на отворен простор кој не е покриен со тенди , чадори и слично , а кој странично е заграден ( дискоклубови на отворен простор , тераси , летни бавчи и слично )

8.Во кој пропис е регулирано работното време на вршителите на занаетчиска дејност, односно занаетчиите?

Согласно Законот за вршење на занаетчиската дејност работното време на вршителите на занаетчиската дејност го определува советот на општината , односно советот на град Скопје во зависност од месните обичаи и потреби.

9.Во кој пропис е регулирано начинот на водење на Евиденцијата во трговија на мало?

Формата и начинот на водење на евиденција за набавка и продажба на стоките на големо и мало , како и други услуги во трговијата на големо и мало е регулирана во Правилник за форма и начин на водење на евиденција за набавка и продажба на стоките и услугите во трговија на големо и мало ( Сл.весник на РМ бр.51/2004).


10.Кои производи можат да се продаваат на зелените пазари

Продажбата за зелените пазари е регулирана во Законот за трговија
На зелените пазари се врши трговија на големо и мало на земјоделски стоки под услови пропишани со закон и друг пропис.
На посебно организирани делови на зелените пазари може да се врши трговија на големо и мало и на други стоки под услови пропишани со закон и друг пропис ( Одлука за определување на стоки кои можат да се продаваат на посебно организирани делови на зелените пазари-Сл.весник на РМ бр.49/2004.

11.Каде може да се пријави продажба на фалсификувани производи?

Фалсификувани производи, односно повреда на правата од индустриска сопственост може да се пријават во Државниот пазарен инспекторат. Согласно Законот за индустриска сопственост (Службен весник на РМ бр. 21/09....24/11): Инспекциски надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон по однос на прометот и употребата на заштитените права од индустриската сопственост врши Државниот пазарен инспекторат по службена должност и по барање на носителот на правото.

12.Каде можат да ги оствaрат потрошувачите своите правата при купување на производи од интернет –електронска продажба ?

Правата при купување на производи од интернет-електронска продажба, се регулирани со Законот за електронска трговија (Службен весник на РМ бр. 133/07). Надзор над спроведувањето на овој закон вршат Министерството за економија, Министерството надлежно за работите од областа на електронските комуникации и Агенцијата за електронски комуникации во согласност со нивните надлежности утврдени со закон.
При тоа, “ Инспекциски надзор над спроведување на одредбите од членовите 8, 9 и 20 од овој закон врши Агенцијата за електронски комуникаци преку надлежни инспектори согласно со одредбите од Законот за електронски комуникации и овој закон.
Инспекциски надзор над спроведување на одредбите од членовите 7 и 12 од овој закон врши Државниот пазарен инспекторат преку надлежни инспектори согласно со одредбите од Законот за Државен пазарен инспекторат и овој закон.”

13.При купување на технички производи , доколоку на потрошувачите им е продаден производ со недостаток , каде може да ги остварат своите потрошувачки права ?

Државниот пазарен инспекторат согласно своите законски надлежности врши инспекциски надзори и во делот на заштитата на правата на потрошувачите, а врз основ на Законот за заштита на потрошувачите

Потрошувачите можат своите права да ги остварат со поднесување на пријава во архива на инспекторат или во електронска форма на веб страната на инспекторатот. За да ги остварат своите права од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/2004....152/2015) се должни да приложат фискална сметка за производот, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда, а за производите за кои постојат рокови за гаранција и гарантен лист или друг документ што го заменува.

Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.
Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:

- бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;

- сразмерно намалување на продажната цена;

- замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип,
индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;

- замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип,
индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и

- раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.
Барањето, потрошувачот по свој избор може да го поднесе пред надлежниот инспекциски орган или до трговецот или до дистрибутерот, во местото на купување на производот или во местото на своето живеалиште.


14.Во делот на туристичкатa дејност доколку граѓаните не се задоволни од квалитетот на услугата после реализираното патување или искористен аранжман каде може да ги остварат своите права?

Овие прва граѓаните можат да ги остварат со доставување на пријава во Инспекторатот и согласно одредбите на Законот за туристичка дејност (Службен весник на РМ бр. 62/2004.....192/15), инспекторот ќе изврши инспекциски надзор за што Вие односно корисникот на услугата во законски рок ќе биде известен
Пријавувањето се врши во писмена форма во просториите на ДПИ или во електорнска на веб страната на инспектортот.


15.Дали е дозволена продажбата на производи на улица или тротоар?

Во Законот за трговија е регулирано каде може да се врши продажбата на производи.
Согласно член 16 од споменатиот Законот како посебни начини на вршење на трговија се смета и вршењето на трговија на посебно организирани пазари, продажба преку пошта, на киосци, продажба по пат на автомати, телевизија, интернет продажба, подвижни улични продавачи, на организирани саеми, продажба од врата до врата, стопански изложби, изложбени салони, панаѓури и продажби организирани за хуманитарни и спортски цели.
Трговија на стоки во киосци, автомати и продажба од подвижни улични продавачи може да се врши само на места определени со одлука на советот на општината, односно на Градот Скопје. Трговијата се врши под услови пропишани со закон и друг пропис.
Најчесто продажбата на улица и тротоар се врши од физички лица кои не се регистрирани за вршење на дејност во соодветен регистар и таквата продажба се санкционира согласно Закон.


16.Дали може да се врши занаетчиска дејност(фризерки или механичарски ) во објекти кои се наменети за живеење?

Согласно Законот за вршење на занаетчиската дејнсот, Занаетчијата може да ја врши дејнноста во една или повеќе простори,а за седиште на занаетчијата ќе биде она просторија која е запишана во Централниот регистар.
Ако за вршење на дејноста не се потребни простории,како седиште се смета местото во кое занаетчијата има живеалиште.
Вршителот на занаетчиската дејнос не може да ја врши дејноста надвор од просториите за работа за оние занаетчиски дејности кој задолжително се вршат во простории.
Вршителот на занаетчиска дејнот може занаетчиската дејност или одделни работи од таа дејност да ги вршат надвор од просторите ,како и надвор од своето седиште во зависност од видот и начинот на вршењето на занаетчиската дејност или ако така е договорено со нарачателот на услугата .
Занаетчиските дејности кои треба задолжително да се вршат во простории ќе ги определи министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчистото ( Министерството за економија)
Вршителот на занаетчиската дејност е должен да обезбеди просториите во кои ја врши дејноста да ги исполнуват пропишаните технички услови.

17.Каде треба да се достави пријава за МТУ за вршење на дејност трговија(освен во ДПИ)?

Пријавата за исполнување на минимални текнички услови е регулирано со Законот за трговија и истата треба да се достави и во надлежниот орган на општината односно градот Скопје.


18. Кои се условите за вршење на угостителска дејност?

Согласно член 6 од Законот за вршење на угостителската дејност покрај условите за минимални текнички условили (С.весник на РМ бр.117/2008) мора да бидат исполнети и следните услови : објектот да може да се употребува , санитарно здравствени услови , условите за заштита при работа , заштита и унапредување на животната средина , противпожарна и заштита и условите за заштита од бучава пропишани со закон .


19. Каде треба да се пријави бучава од вршители на угостителска дејност

.Бучава од вршители на угостителска дејност треба да се пријави кај овластениот инспектор за животна средина во општината на локација каде што се наоѓа субјектот на надзор односно каде што се наоѓа угостителскиот објект.


20.Кои елементи треба да ги содржи декларацијата?

Согласно Законот за заштита на потрошувачите, Декларација е задолжителна за секој производ и мора да ги содржи најмалку следниве податоци:

- назив на производот, односно име под кое производот се продава;

- состав на производот;

- начин на одржување на производот;

- начин на употреба на производот;

- индустриски дизајн, трговска марка или ознака на производот, ако се смета како битен елемент на производот;

- дата на производството и рок на употреба, доколку е истото пропишано;

- фирма и седиште на производителот, односно на трговецот, доколку има своја трговска марка за производот и се претставува како производител, а за увозните производи и фирма и седиште (полна адреса) на увозникот, како и земјата на потекло;

- предупредување за можна опасност при употреба, доколку таква опасност постои;

- изјава на производителот за постоење на изменети својства на производите, состојци на деловите и додатоците, односно за какви измени се работи и

- изјава на производителот за усогласеност на производите со пропишаните услови.

prijava-gragjani
mmap
opasnost
opasnost

Формулари и пријави

Законски прописи

Листа на Закони и подзаконски акти по кои постапува Државниот Пазарен Инспекторат

повеќе

USAID