Брошура за стопанственици

Државен пазарен инспекторат, партнер за остварување на Вашите права
Информирајте се за надлежностите на Државниот пазарен инспекторат

превземете ја брошурата овде

Општо за инспекторатот

Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, со својство на правно лице, своето работење го заснова врз одредбите на Законот за државен пазарен инспекторат, со кој се уредуваат неговите надлежности и овластувања, како и повеќе посебни закони и подзаконски акти.

Активностите на Државниот пазарен инспекторат се остваруваат  преку редовни инспекциски надзори кај правни и физички лица и други субјекти кои стопанисуваат на територијата на Република Македонија. Се постапува и по преставки од граѓани и други субјекти, а се организираат и координирани акции на ниво на Инспекоратот и во соработка со други институции, надлежни за спроведување на закони од областа на надзор на пазарот.

Надзорот врз работењето на субјектите е директно поврзан со обврската за примена на законската регулатива и правата на граѓаните како потрошувачи на материјални добра и услуги.

Целта на надзорот на пазарот е да се осигура дека условите кои се дадени во домашното законодавство, кое во најголем дел е хармонизирано со европското, правилно и доследно се применуваат и создаваат здрав внатрешен пазар.

Приоритети врз основа на кои Државниот пазарен инспекторат ја темели и во иднина ќе ја темели концепцијата на своето функционирање:

  • Обезбедување на остварувањето на правата на потрошувачите,
  • Еднакви услови за стопанисување,
  • сузбивање на сивата економија,
  • Заштита на правата од индустриска сопственост, што подразбира борба против пиратеријата и фалсификувањето на познати трговски марки,
  • Безбедноста на производите кога се пуштаат на пазар, ставаат во употреба или се употребуваат

Организација

Работењето на Државниот пазарен инспекторат е поддржано од Министерството за економија и Владата на Република Македонија, за што  редовно се доставуваат извештаи и анализи.

Според Правилникот за внатрешна организација (донесен во јуни 2010) Инспекторатот е организиран во два Сектори:

  • Сектор за општи работи
  • Сектор за инспекциски надзор


Во рамки на Секторот за инспекциски надзор функционираат 12 посебни одделенија, и тоа:

  • Одделение за инспекциски надзор-Скопје
  • Одделение за инспекциски надзор-Тетово
  • Одделение за инспекциски надзор-Гостивар со градовите Кичево и Македонски брод;
  • Одделение за инспекциски надзор-Струга со градот Дебар
  • Одделение за инспекциски надзор-Охрид
  • Одделение за инспекциски надзор-Битола со градовите Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар
  • Одделение за инспекциски надзор-Штип, со градовите Кочани, Делчево, Берово, Виница и Свети Николе;
  • Одделение за инспекциски надзор-Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш
  • Одделение за инспекциски надзор-Куманово со градовите Крива Паланка, Пробиштип и Кратово
  • Одделение за инспекциски надзор-Неготино со градовите Кавадарци и Велес
  • Одделение за прекршоци
  • Одделение за безбедност на производи

Седиштето на инспекторатот се наоѓа во Скопје на ул. 11 Октомври  бр. 118.

Инспекторатот преку своето функционирање преставува алка која ги поврзува потрошувачите и стопанствениците.

Области

Државниот пазарен инспекторат има надлежности да постапува, по околу 40 законски и над 120 подзаконски акти, подделени во повеќе области, како што се:

  • трговијата,
  • угостителството
  • туризмот,
  • занаетчиството и личните услуги,
  • заштитата на правата на потрошувачите.
  • заштитата на правата од индустриска сопственост
  • безбедноста на производите


Закони по кои најчесто постапува Државниот пазарен инспекторат

1. Закон за Државен пазарен инспекторат ( Сл. Весник на РМ 24/07....81/07),
2. Закон за заштита на потрошувачите ( Сл. Весник на РМ 38/04....877/07),
3. Закон за трговија ( Сл. Весник на РМ 16/04...115/10),
4. Закон за угостителска дејност ( Сл. Весник на РМ 62/04 ....115/10),
5. Закон за заштита од пушењето ( Сл. Весник на РМ 36/95...35/10),
6. Закон за туристичка дејност ( Сл. Весник на РМ 162/04...189/08),
7. Закон за вршење на занаетчиска дејност ( Сл. Весник на РМ 62/04...115/10),
8. Закон за индустриска сопственост ( Сл. Весник на РМ 21/09),
9. Закон за безбедност на производите ( Сл. Весник на РМ 33/06...63/07),
10. Закон за метрологија ( Сл. Весник на РМ 55/02...120/09),
11. Закон за контрола на предметите од скапоцени метали (Сл. Весник на РМ 23/95...22/07),
12. Закон за градежни производи( Сл. Весник на РМ 62/06...86/08),
13. Закон за управување со отпад ( Сл. Весник на РМ 68/04...107/07),
14. Закон за акцизи ( Сл. Весник на РМ 32/01...38/09),
15. Закон за прекршоци ( Сл. Весник на РМ 62/06),
16. Закон за трговски друштва ( Сл. Весник на РМ 28/04...87/08),
17. Закон за животна средина ( Сл. Весник на РМ 53/05...61/09),
18. Кривичен закон на РМ ( Сл. Весник на РМ 19/04),
19. Закон за вино ( Сл. Весник на РМ 69/04...42/08),
20. Закон за радиодифузна дејност ( Сл. Весник на РМ 100/05...132/08),
21. Закон за општоуправна постапка ( Сл. Весник на РМ 38/05...110/08),
22. Закон за заштита на потршувачите при договори за потрошувачки кредити ( Сл. Весник на РМ 63/07),
23. Закон за управни спорови ( Сл. Весник на РМ 62/06),
24. Закон за медијација ( Сл. Весник на РМ 60/06),
25. Закон за тутун и тутунски производи ( Сл. Весник на РМ 24/06...88/08),
26. Закон за стокови резерви ( Сл. Весник на РМ 84/08),
27. Закон за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати (Сл.Весник на РМ 84/08),
28. Закон за такса за привремен престој ( Сл. Весник на РМ 19/96...88/08),
29. Закон за енергика ( Сл. Весник на РМ 63/06...106/08),
30. Закон за возила ( Сл. Весник на РМ 140/08),
31. Закон за електронски плаќања ( Сл. Весник на РМ 63/06...36/07),
32. Закон за електронска трговија ( Сл. Весник на РМ 133/07),
33. Закон за постапување по преставки и предлози (Сл. Весник на РМ 82/08),
34. Закон за инспекциски надзор ( Сл. Весник на РМ 50/10),
35. Закон за надзор на пазарот ( Сл. Весник на РМ 48/10),
36. Закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата( Сл. Весник на РМ 25/10),

Инспектори - надлежности, права и обврски и чекори на инспекциската процедура

Основните надлежности на инспекторите се определенаи во Законот за Државниот пазарен инспекторат, и во сите претходно наведени.

Во законите се строго определени правата и обврските на инспекторите за текот на инспекцискиот надзор, комуникација со граѓаните,  институциите на државата и стопанството применувајки ги начелата на:

  • законитост,
  • заштита на јавниот интерес,
  • еднаквост,
  • непристрасност и објективност,
  • материјалната вистина,
  • самостојност,
  • јавност,
  • пропорционалност,
  • превенција,
  • субсидијарност и сослушување на субјектот на надзор.


Самиот инспекциски надзор се одвива во повеќе фази, почнувајки со:

  1. легитимирање,
  2. информирање на субјектот за предметот на надзорот,
  3. обезбедување на основни податоци за идентификација на субјектот и објектот во кој се врши надзор,
  4. прибавување на потребната деловна документација за вршење на надзорот и
  5. обезбедување на непречен пристап до истата.


Инспекторот го информира одговорното или присутното лице дека законски е обврзано да соработува во текот на надзорот

Надзорот може да биде извршен по основ на:

  • преставка од граѓанин или институција како вонреден во било кое време, без налог и претходна најава, и
  • по службена должност во согласност со програмата за работа на инспекторатот.


За извршениот надзор инспекторот сочинува записник за констатитраната фактичка состојба. Со содржината на истиот се запознава субјектот со можност своите забелешки (доколку ги  има) да ги внесе во записникот веднаш или во рок од 3 дена доколку ги поднесе во писмена форма до инспекторот. На доставениот приговор инспекторот е должен да одговори. Примерок од записникот останува кај контролираниот субјект. Контролираниот субјект има право да бара записник во печатена форма.

Од констатираната фактичка состојба произлегуваат понатамошните активности на инспекторатот.

Имено, за одредени неправилности законски се предвидени   укажувања со определување рокови за нивно отстранување  со истовремена едукација на субјектот-како што е претходно наведено по области.

Доколку субјектот постапи по укажувањето и ги отстрани неправилностите постапката се запира со заклучок, а во спротивно се покренува прекршочна постапка.

За друга група на неправилности, пред да се покрене прекршочната постапка, на сторителот му се предлага постапка за порамнување или посредување.

За дел од констатирани неправилности предвидени се и управни мерки (привремена забрана за вршење на дејност, привремено одземање на производи и др.).  Прекршочната постапка за прекршоците предвидени во законите по кои постапува Државниот пазарен инспекторат ја водат надлежните судови или Прекршочната комисија во состав на Државниот пазарен инспекторат.

Обврски на стопанствениците

- Почитувајте ги законските прописи – тоа овозможува поуспешно да ја извршување на дејноста
- Решението или тековна состојба од ЦР на РМ, жиро сметка и даночен број, Решението или пријавата за исполнување на МТУ за вршење на дејноста, документација за извршена набавка и продажба на трговска стока и услуги во пропишана форма, треба секогаш да бидат во деловниот објект-тоа овозможува побрзо и поефикасно завршување на инспекцискиот надзор.
- Истакнете ја Вашата фирма, работното време  и тел. број на Државниот пазарен инспекторат.
- Пријавете го работното време на објектот во Централниот регистар на Република Македонија и придржувајте се кон истото,
- Набавувајте и продавајте исклучиво декларирани производи,
- Истакнете ги малопродажните цени на производите онака како што сте ги формирале,
- Секоја промена на цените уредно означете ја и евидентирајте ја во деловните книги,
- Обработката на документите за набавка и продажба вршете ја во определениот рок од 8 дена,
- За секоја извршена продажба или дадена услуга издавајте сметка од фискален апарат,
- Редовно верифицирајте ги мерилата
- Не продавајте цигари, алкохолни и енергетски пијалоци  на малолетни лица и тоа истакнете го на објектот,
- Алкохолните пијалоци продавајте ги само во определените термини,
- Не дозволувајте пристап на малолетни лица во ноќни барови и кабареа, а во дискотеките  после 23, 00 часот,
- Не послужувајте алкохолни пијалоци на малолетни лица, а на останатите пред 10,00 часот,


Адреси на Одделенија по градови

Охрид
ул.Димитар Влахов бб
Зграда на опшина Охрид
П.фах 24
Тел/факс 046 261 320

Струмица
ул.Братство единство бр.20
тел/факс 034 322 798
2400  Струмица

Неготино
ул.Ацо Аџилов бр.2
П.фах  44  
тел/факс 043 360 332
1440 Неготино

Струга
Ул.Пролетерски бригади бр 11
6300 Струга
Пф
Тел /факс 046 789 331
046 786 162

Куманово 
ул- 11Октомври бб
Зграда на Црвен крст
Тел /факс 031 425 112
П. фах 46
1300 Куманово

Тетово
Ул.Дервиш Цара бр 70
Пфах .49
Тел / факс 044 335 565
044 331 737
1200 Тетово

Штип
Ул.Васил Главинов бб
Тел/факс 032 392961
032 382 310
Пфах. 85
2000 Штип

Гостивар
Ул.Браќа Џиновски бр.61
Тел/факс 042 218 034
Пфах.  61
1230 Гостивар

prijava-gragjani
mmap
opasnost
opasnost

Формулари и пријави

Законски прописи

Листа на Закони и подзаконски акти по кои постапува Државниот Пазарен Инспекторат

повеќе

USAID