На 09.02.2024 година, Пазарниот инспекторат одзема текстилна стока во вредност од над 390.000 денари, во координирана акција со ОВР Радовиш.
Сторен е прекршок по Законот за трговија, односно на територија на градот Радовиш, физичко лице е затекнато како продава текстил без соодветна документацијa.
Работиме во име на граѓаните и постапуваме без селекција!