Вести
Четврток Јуни 13, 2024

Вести

Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар” кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, се организираа работилници со експертот Андрејка Грлич, на тема „Нечесни трговски практики и нечесни договорни одредби“ (односно директивите 93/13/ЕЕЗ, 2005/29/ЕЗ, 2019/2161) од Законот за заштита на потрошувачите. На работилниците присуствуваа инспектори од сите одделенија за инспекциски надзор на територија на Република Северна Македонија.

Целта на на проектот EuropeAid/140492/DH/SER/MK е поддршка на инспекцискиот надзор преку функционална реорганизација на Државниот пазарен инспекторат, дополнување на методологијата за надзор и воведување нови алатки и олеснување на работата на пазарните инспектори.

Главната цел на оваа работилница е да се пренесат искуство и практика заснована на компетентност за проценка на ризик од земјите на ЕУ. Оваа обука за надзор на претпријатијата заснован на ризик ќе вклучува развој, примена, управување со ризик, проценка на ризик на деловните сегменти, барања за надзор засновани на ризик и препораки за тоа како да се избегнат честите грешки во процесот на проценка на ризикот. Овој вид на упатства се наменети за субјектите на јавната администрација кои вршат надзор над активностите на економските оператори за спроведување и/или подобрување на постоечките системи за проценка и управување со ризикот. Целта е да се обезбеди заштита на јавните вредности (здравје, животна средина, јавна и приватна сопственост, итн.) вградени во правните акти со кои се регулира надзорот на активностите на стопанските субјекти а се доделени како надлежности на пазарниот инспекторат. Пазарниот инспекторат ќе се стекне со нови знаења и информации за тоа како се вршат контролите и надзорите во земјите членки на ЕУ и ќе може чекор по чекор да ги спроведува во своите процеси.

Г-ѓа Андрејка Грлиќ, експерт за надзор на пазарот од Словенија, беше предавач на обуките.Таа е правник со повеќе од 30 години професионално искуство во областите на надзор на пазарот, заштита на правата на потрошувачите, пазарни стратегии, реформи во инспекцијата итн. Работела во Словенечкиот пазарен инспекторат повеќе од 24 години, од кои речиси 15 години како главен Пазарен инспектор. Работела и како предавач на различни универзитети, образовни институции во Словенија и во странство.

Image 2023 03 27 at 10.33.53Image 2023 03 27 at 10.32.36Image 2023 03 27 at 10.30.31Image 2023 03 27 at 10.34.23

Државниот пазарен инспекторат во периодот од  13.03 до 19.03.2023 година  има извршено над 650 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат наплатени и издадени се над 175 прекршочни платни налози со вредност над  6.230.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало

 

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 530 инспекциски надзори и контроли по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 1.750.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори во согласност со своите надлежности. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на законите по кои постапува пазарниот инспекторат.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.

Goran Trajkovski

Врз основа на Одлуките на Владата за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата, пазарниот инспекторат од 16 до 18 март 2023 година изврши над 350 надзори на цела територија на Македонија. Од надзорите е констатирано дека одлуките се почитуваат, освен кај шест економски субјекти, за кои се изречени прекршочни платни налози во вредност од над 1.275.000 денари.

Пазарниот инспекторат и понатаму е на терен и ќе постапува по сите Одлуки на Владата, дополнително, покрај останатите свои надлежности.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Напоменуваме дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба.Исто така, ги повикувам граѓаните, доколку забележат било какви нерегуларности, да пријават во Државниот пазарен инспекторат, а ние ќе постапиме во рамки на нашите надлежности.

319904769 1317582825730349 7643507047828656689 n

На 18.03.2023 година од страна на полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведена е заедничка контрола во угостителски објекти во Гостивар.

За време на контролата од страна на пазарниот инспекторат се утврдени низа неправилности, односно во еден од угостителските објекти констатирани се неправилности по Закон за заштита од пушење, за што е издаден соодветен прекршочен платен налог. Во друг угостителски објект изречени се глоби поради констатирани неправилности меѓу кои непоседување книга за дневен извештај и непочитување на Законот заштита од пушење во затворен дел од објектот.

На 18.03.2023 од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат извршена е контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење на Република Северна Македонија.

При контролата на две правни лица во Куманово, утврдено е дека не поседуваат Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари и пронајден е голем износ на домашни и странски пари во различни валути.

Во менувачница е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата во менувачницата лицето противправно поседувало домашни и странски валути во поголем износ, а на Градскиот плоштад во Куманово, затекнато е лице како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење, при што и кај него се пронајдени поголем износ на пари во различни валути.

За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постпуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик.  

Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно:

  • тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%.
  • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • урда;
  • кравјo бело сирење и мешано бело сирење;
  • кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан);
  • кисело млеко; 
  • павлака и
  • јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Напоменуваме дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба.

Владата донесе Одлуки за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023) со кои се опфатени:

  • тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%.
  • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • урда;
  • кравјo бело сирење и мешано бело сирење; -
  • кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан);
  • кисело млеко; 
  • павлака и
  • јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Одлуките се донесени во интерес на граѓаните и нивните потреби и ќе стапат во сила на 16 март 2023 година. Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат Одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи!

Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспкеторат!

Напоменуваме дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Веднаш по стапувањето во сила на овие Одлуки, пазарниот инспкеторат, ќе излезе на терен и ќе постапува.

Работиме во интерес на граѓаните, токму затоа и се донесени Одлуките, да се спречи било каква злоупотреба и лично профитирање во време кога кризата сеуште постои.

Пазарниот инспекторат е постојано на терен со сите свои расположливи ресурси и ќе продолжи да врши надзори во согласност со законските надлежности, но и ќе постапува по Одлуките на Владата.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме во согласност со нашите надлежности.

market 960x505

Во рамките на проектот финанисран од ЕУ “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, се одржаа работилници, на кои учествуваа вработените од сите одделенија на инспекторатот.

Главната цел на работилниците беа  принципите за добра тимска работа и лидерство, за што беа презентирани алатки, стратегии за ефективна тимска работа, лидерски вештини, различни видови методологии на работење, како и совети за успешно решавање на проблеми. Овие работилници се од исклучително значење за тимот на пазарниот инспекторат кој дополнително ги спроведува во пракса, за што тврдат и позитивните резултати од експедитивната работа.

Предавач на работилниците беше експертот Нина Бабушковска, којашто има долгогодишно искуство во областа на економијата, креирање стратегии и консултации во јавниот и приватниот сектор.

IMG 4e0747a47760f4b5d76b8b68eeeb0c0e VIMG 002c7f9a4976751073d84afd452d89ca VIMG 985a43e8fd4048b550c2dc2a96a9830b V

IMG d576ceacc0dd2f26d8491b722dbf35fd V1678711156793167871115680616787111568171678711156828

Државниот пазарен инспекторат по основ на Одлуката на Влада за замрзнување на цената на лебот од 450 гр на 33 денари, вчера и денес изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела територија на Република Северна Македонија. До сега од контролите е утврдено дека генерално се доставува леб кој е опфатен со Одлуката, а се почитува и замрзнатата цена од 33 денари, односно цената утврдена во согласност со грамажата за помалку од 450 грама. Цената на лебот во зависнот од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари.

 

Државниот инспекторат и понатаму ќе продолжи да врши контроли кои се однесуваат на почитување на замрзнатата цена на лебот донесена со Одлуката на Владата.

Исто така, потребно е сите да ги почитуваме Одлуките на Владата, бидејќи примарна цел е сузбивање на профитерството во време на криза, и залагање за солидарност, односно да се има разбирање и да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.

leb 696x464

На територија на град Скопје,  полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во три отпади за половни возила

Во текот на вршење на контролите во рамки на своите надлежности, кај три физички лица, пазарниот инспекторат констатираше неправилности и прекршувања, односно лицата не биле регистрирани во соодветен регистар, а вршеле трговија со половни автоделови за што е спроведена постапка за порамнување согласно член 58, став 14 од Закон за трговија, и за секое од лицата се издадени прекршочни платни налози со вкупна вредност од 27000 денари.

2023 02 17 13 23 09 936

2023 02 17 13 23 08 830

2023 02 17 13 23 09 461

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)