м-р Горан Трајковски
в.д. Директор
Горан Трајковски е искусен професионалец во областа на економија, менаџмент и управување. Доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје и се стекнува со титулата Дипломиран економист. Низ долгогодишната кариера работи како директор, менаџер и советник за продажба во своја приватна компанија од областа на трговија и продажба. Ги завршува магистерските студии на Универзитетот за туризам и менаџмент, со што станува Магистер по економија. Од декември 2022 година именуван е од Владата на Република Северна Македонија за в.д. директор на Државен пазарен инспекторат. Неговиот главен професионален интерес е насочен кон истражување и апликација на системи и модели за подобрување на квалитетот на продажба и производство, менаџирање, и трансформациски промени кои водат кон обезбедување на квалитетно управување во областа на сметководството и финансиите.
Се одликува со аналитички способности, структурираност во работењето и ефикасност во користењето на ресурсите. Поседува напредни комуникациски вештини и едуциран е за менаџирање на мали и големи тимови. Се одликува со разбирање на организацискиот менаџмент, менаџирање со квалитет и организациски ризици.
Покрај демонстрираниот професионален капацитет бил вклучен и во независни проекти, активности и членството во организации од различен карактер:
- Председател на Студентски сојуз при Машински факултет Скопје
- Член на Наставно научниот совет при Машински факултет – Скопје
- Претседател на Студентски парламент при Машински факултет Скопје
- Член на управата на Машинскиот факултет - Скопје
- Член на Универзитетскиот сенат на УКИМ од редот на студентите од УКИМ
- Координатор на македонска делегација од редот на студентите при посета на Словенија (Машински факултет ) по повод Визна Либерализација
- Посета на Европската комисија (Брисел) на тема : Стратегија на ЕУ , Посета на Европски парламент , Посета на агенција за истражување
Горан Трајковски има полно работно познавање од англиски, српски и хрватски јазик.