На ден 21.09.2018 година во просториите на државниот пазарен инспекторат се оствари работна средба со компанијата Алфа-Зет Македонија како претставништво на белгиската компанија Алфа-Зет.
На оваа средба претставниците на Алфа-Зет од Белгија и македонските претставници, кој воедно се и донатори на еден од најсовремените софтверски системи за евиденција и контрола на пристап на вработени преку термални читачи во државниот пазарен инспекторат беа запознаени со работата и надлежностите на нашата институција.
Алфа-Зет од Белгија и Алфа-Зет Македонија, на оваа средба изразија голема благодарност што државниот пазарен инспекторат како една значајна државна институција ќе има можност да имплементира софтвер од најновата генерација, а со тоа воедно и да ги подигне безбедносните стандарди во самата институција. Исто така од компанијата Алфа-Зет истакнаа и дека ваков софтвер е веќе имплементиран и во функција во многу значајни европски институции и организации.