На ден 25.09.2019 година, во официјална посета на Државниот Пазарен Инспекторат на Република Северна Македонија беше делегација од Централниот инспекторат на Република Албанија предводена од генералниот инспектор Шкељќим Хајдари.
На средбата двете институции ги претставија своите надлежности, постапките и процесите на работа како и проблемите со кои се соочуваат во спроведувањето на нивните надлежности.
Како заклучок од средбата произлезе во иднина двете институции континуирано да имаат потесна соработка во делот на размена на информации и искуства.