На 27 октомври 2023 година, во просториите на Министерството за финансии се одржа конститутивен состанок на Националниот совет за формализација на неформалната економија каде дискутиравме за реализација на активностите од Акциски план за формализирање на неформална економија 2023 – 2025 година кој е во надлежност на Министерството за финансии и останати сродни институции, меѓу кои е и пазарниот инспекторат.
Преку Акцискиот план ќе дејствуваме во насока на креирање системско решение за детектирање на нерегистрирани продавачи на социјалните медиуми и веб страни, зајакнување на санкционирањето на субјектите кои делуваат во неформалната економија и зголемување на свесноста за штетните ефекти од непријавена работа и купување производи од неформалниот сектор.
Пазарниот инспекторат има активна улога во сузбивањето на нелегалната трговија и постојано изнаоѓаме начини како да се реши овој нечесен начин на работење. Сериозноста на овој проблем и обемот на штетите што нелегалната трговија ги предизвикува, бара постојано дејствување во спречувањето на нелегалниот промет на стоки и услуги. Преку овие активности ја штитиме конкурентноста, ќе се спречи затајувањето на данок, а дополнително се штитат и граѓаните од нелегалните стоки пуштени во промет.
На 4 октомври 2023 година во Скопје се одржа работилница за „Оцена на сообрзаност заснована на ризик“ во рамки на проектот „Зајакнување на внатрешен пазар“. На работилницата присуствуваа инспектори од сите одделенија на Државниот пазарен инспекторат.
Целта на работилницата е оцената на сообразноста на производот која е клучен дел од усогласените прописи за производите на пазарот е од суштинско значење за ефективна проценка на ризикот и управувањето со пазарниот ризик.
Работилницата ја опфаќа правната основа што ја поткрепува оцената на сообразноста и процесот во контекст на ризикот на производот и надзорот на пазарот, проследено со дискусија за системите за управување со квалитет и како тие влијаат на безбедноста на производот и сообразноста. Документацијата која е генерирана како дел од процесот беше презентирана во детали, што ќе доведе до развој на техники за испитување на документи кои ќе им помогнат на инспекторите кога истражуваат, проценуваат ризик и одредуваат корективни мерки за небезбедни производи.
Предавач на работилницата беше Марк Гардинер, експерт ангажиран како дел од проектот на ЕУ.
Проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на внатрешниот пазар“ ќе ги зајакне капацитетите на Владата на Северна Македонија за натамошно усогласување со правото на ЕУ во областа слободно движење на стоки и услуги и зајакнување на надзорот на пазарот за заштита на правата на потрошувачите. Понатаму, земјата ќе биде поддржана во воспоставување подобра регулатива за функционирање на компаниите. Поконкретно, проектот ќе:
- инвестира во подготовка на Министерството за економија (МЕ) за изготвување и следење на имплементација на новата законска регулатива во областа на слободното движење на стоки и услуги и да се применуваат корективни мерки каде што е потребно;
- воспостави функционална точка за единствен контакт во согласност со барањата од Директивата за услуги на ЕУ
- обезбеди поддршка на надзорот на пазарот преку функционална реорганизација на Државниот пазарен инспекторат
- ја надгради методологијата за надзор и воведување нови алатки, олеснување на работата на пазарните инспектори, како и методолошка синхронизација меѓу различните субјекти за надзор на пазарот.
Проектот е поделен на 5 компоненти, а пазарниот инспекторат е дел од Компонента 4: Градење на капацитетите на националните тела за ефикасен и ефективен надзор на пазарот и заштита на потрошувачите.
Од 16-18 октомври 2023 година, во Црна Гора се одржа конференција на тема „Иновативни пристапи во сузбивањето на нелегалната трговија“.
На конференцијата како панелисти присуствуваа директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, и инспектори од пазарниот инспекторат.
Нашата институција беше вклучена во темата за ефикасен надзор на нелегалната трговија, каде директорот Трајковски потенцираше „ Пазарниот инспекторат има активна улога во сузбивањето на нелегалната трговија и постојано изнаоѓаме начини како да се реши овој нечесен начин на работење. Споделив искуства кои сме ги имале како институција во оваа област и начини на кои се справуваме за искоренувањето на нерегистрираните трговци.
И во иднина ќе продолжиме да вршиме инспекциски надзори врз основа на надлежностите утврдени со законите за нелегална трговија. Сериозноста на овој проблем и обемот на штетите што нелегалната трговија ги предизвикува, бара постојано дејствување во спречувањето на нелегалниот промет на стоки и услуги. Преку овие активности ја штитиме конкурентноста, ќе се спречи затајувањето на данок, а дополнително се штитат и граѓаните од нелегалните стоки пуштени во промет кои може да имаат сериозен негативен импакт врз нивното здравје.“
Дополнително, панелисти беа и инспекторите во делот за непочитување на правата од индустриска сопственост.
Оваа конференција ќе биде поттик, поддршка, искуство и знаење за во иднина инспекторатот самостојно, но и со другите сродни – надлежни органи да врши засилени контроли со цел спречување на нелегалната трговија.
Заштитата на правата од индустриска сопственост игра голема улога во индустријата, а креирањето и управувањето со интелектуалната сопственост е од клучно значење за одржување на претприемачкиот раст, конкурентноста и проширување на пазарите.
На 02.10.2023 година, во пазарниот инспекторат се одржа обука на тема „Стекнување, остварување и заштита на правата од индустриска сопственост“ на која беше презентирано како да се заштитат правата од индустриската сопственост (патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потеклото на производот и географска ознака). На обуката беа опфатени следните носителите на право: GANT AB, Lacoste SA, Guccio Gucci Spа, Moncler и Zippo Manufacturing Company, преку кои се објаснија начините на кои може да се познае оргинал производ и копија на производот.
На обуката присуствуваа претставници од сите одделенија на пазарниот инспекторат, а беше спроведена од страна на Друштвото за застапување МСА ИП - Милојевиќ-Секулиќ ДООЕЛ.
Казнети се и затворени 5 маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово.
„Големите ланци на маркети имаа доволно време да ги прилагодат цените во согласност со Одлуките на Владата! Генералната слика е дека повеќето маркети ги усогласија цените, но постојат и такви трговци што сакаат да ги избегнат законските регулативи! За пофалба се маркетите кои самоиницијативно се приклучија кон иницијативата на Владата за намалување на цените. Додека јас сум директор на пазарниот инспекторат нема да дозволам никој да ги доведува во заблуда граѓаните!“ – потенцираше директорот Горан Трајковски
Контролите на пазарниот инспекторат ќе бидат со засилен интензитет, а ќе биде проверен секој маркет вклучувајќи ги и руралните области, како и сите трговци на големо, односно добавувачите.
Апелираме, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!
Пријавете неправилност на 02/191!
Кодинг Горска е една од компаниите која се приклучи кон повикот на Владата и ги намали цените според мерката „гарантирана цена“. Очекуваме и останатите општествено одговорни компании да го следат овој пример.
Мерките на Владата влијаат позитивно врз стандардот на граѓаните, а пазарниот инспекторат и понатаму е на терен со цел да утврди дали овие мерки се спроведуваат од страна на трговците.
Проектот „Зајакнување на внатрешен пазар“ е финансиран од Европската Унија, со цел да ги зајакне капацитетите на Владата на Северна Македонија за натамошно усогласување со правото на Европската Унија во оваа област и зајакнување на надзорот на пазарот за заштита на правата на потрошувачите. Понатаму, земјата ќе биде поддржана во воспоставување подобра регулатива за функционирање на компаниите.
Во рамки на овој проект кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, беше организирана дводневна работилница на тема: Договори на далечина и договори вон деловните простории на трговецот, како и електронска трговија.
Главната цел на оваа работилница е да се пренесе добро искуство и пракса базирана на ризик и компетентност за оценување од земјите на ЕУ. Оваа обука за надзор базиран на ризик вклучува развој, примена, управување со ризик, проценка на ризикот, барања за надзор базирани на ризик и препораки за тоа како да се избегнат чести грешки во процесот на проценка на ризикот.
На работилницата беа презентирани материјали поврзани со Поглавје 4 од новиот Закон за заштита на потрошувачи и тоа за продажба преку интернет и продажба вон деловните простории на трговецот во ЕУ, овластувања на инспекторите да вршат надзор на пазарот во рамките на надлежностите на овој закон во врска со продажба на далечина и продажба вон деловните простории на трговецот, значење на конкретни термини кои се користат во Законот, кои се правата на потрошувачите и одговорности на трговецот и мерки кои треба да се споредат од страна на инспекторите. На симулативен начин беше составен записник од извршен надзор, а учесниците – инспектори од сите одделенија на ДПИ, добија студии на случај преку решавање практични примери.
Работилницата ја водеше Андрејка Грлиќ, која е експерт во оваа област, и ќе изготви Упатство за работа поврзано со поглавје 4 од новиот закон за заштита на потрошувачи кое ќе им помогне на инспекторите за тоа како треба да постапуваат кога вршат надзор поврзан со ова поглавје.
Денес, директорот на пазарниот инспекторат Горан Трајковски, заедно со премиерот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши, беше во посета на компанијата „Алма – М“ – дистрибутивен центар во Визбегово.
„Благодарам на компанијата Алма – М за гостопримството и драго ми е што има општествено одговорни компании кои работат и во интерес на граѓаните, но и во исто време доследно ги почитуваат законските обврски. И овие компании треба да им бидат пример и на останатите трговци.“ – изјави Трајковски
„Пазарниот инспекторат е на терен! Контролираме дали трговците ги усогласиле цените со Одлуката донесена од Владата.
Трговците имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во тековната годината, како референтна цена, а сите намалени производите треба да имаат ознака ГАРАНТИРАНА ЦЕНА!
Трговците кои вршат трговија на големо имаат обврска да одобруваат рабат во висина од 5% и да им ги продаваат месечно производите од Одлуката на трговците на мало во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година!
Од денес пазарната инспекција е на терен и прави контроли преку кои ќе утврди дали трговците ги усогласиле цените со Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (Сл. Весник на РСМ бр. 195/23) донесена од Владата.
Трговците имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во 2023 година, како референтна цена и тоа на 25 категории на прозводи односно над 800 производи:
Државен пазарен инспекторат
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. | ||
ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје | ||
++389 (0)2 3162 341 |