На ден 21.11.2018 година, Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија претставуван од директорот Г-дин Стојко Пауновски оствари работна средба со делегација на Агенцијата за надзор над пазарот на Република Босна и Херцеговина претставувана од Г-дин Александар Голијанин и Г-дин Дражан Приморац.
На средбата двете институции ги претставија своите надлежности, постапките и процесите на работа. Исто така се разменија информации околу законските акти врз кои спроведуваат надлежност над трговските внатрешни пазари за кои се надлежни институциите и резултатите кои ги постигнале институциите до сега, со посебен осврт во делот на безбедност на производи.
Како заклучок од средбата произлезе во иднина двете институции континуирано да имаат потесна соработка во делот на размена на информации и искуства.