Влатко Стојкоски
в.д. Директор
контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Биографија:
Влатко Стојкоски е роден 1984 година.
Високо образование завршил на Европскиот Универзитет – Скопје на отсек Банкарско – финансиски менаџмент, каде се стекнал со звање Дипломиран економист.
Своето професионално работно искуство го започнува во приватниот сектор, а од 2008 година го продолжува во Министерството за одбрана од каде што доаѓа на позицијата в.д. Директор на Државниот паразен инспекторат.
Во периодот од 2009 до 2011 година бил член на управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а од 2012 до 2017 година бил член на управниот одбор на Агенцијата за вработување и претседател на Одборот на директори на АД Агриленд, Скопје.
Стојкоски активно учествувал на повеќе семинари и обуки од областа на менаџментот во малиот бизнис, унапредување на комуникациските вештини и тимска работа, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и центарот за менаџмент консалтинг образование и обука „Мотива”, бил дел од летната школа во организација на фондацијата „Jarl Hjalmarson“ во Шведска и обуки организирани од страна на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во Англија и Црна Гора.
Добро го познава англискиот јазик.