Директор
Петок Мај 17, 2024

 Горан Трајковски

м-р Горан Трајковски
в.д. Директор

Горан Трајковски е искусен професионалец во областа на економија, менаџмент и управување. Доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија.

Дипломира на Економскиот факултет во Скопје и се стекнува со титулата Дипломиран економист. Низ долгогодишната кариера работи како директор, менаџер и советник  за продажба во своја приватна компанија од областа на трговија и продажба. Ги завршува магистерските студии на Универзитетот за туризам и менаџмент, со што станува Магистер по економија. Од декември 2022 година именуван е од Владата на Република Северна Македонија за в.д. директор на Државен пазарен инспекторат. Неговиот главен професионален интерес е насочен кон истражување и апликација на системи и модели за подобрување на квалитетот на продажба и производство, менаџирање, и трансформациски промени кои водат кон обезбедување на квалитетно управување во областа на сметководството и финансиите.

Се одликува со аналитички способности, структурираност во работењето и ефикасност во користењето на ресурсите. Поседува напредни комуникациски вештини и едуциран е за менаџирање на мали и големи тимови. Се одликува со разбирање на организацискиот менаџмент, менаџирање со квалитет и организациски ризици.

Покрај демонстрираниот професионален капацитет бил вклучен и во независни проекти, активности и членството во организации од различен карактер:                 

-              Председател на Студентски сојуз при Машински факултет Скопје              

-              Член на Наставно научниот совет при Машински факултет – Скопје          

-              Претседател на Студентски парламент при Машински факултет Скопје

-              Член на управата на Машинскиот факултет - Скопје    

-              Член на Универзитетскиот сенат на УКИМ од редот на студентите од УКИМ         

-              Координатор на македонска делегација од редот на студентите при посета на Словенија (Машински факултет ) по повод Визна Либерализација

-              Посета на Европската комисија (Брисел) на тема : Стратегија на ЕУ , Посета на Европски парламент , Посета на агенција за истражување                       

Горан Трајковски има полно работно познавање од англиски, српски и хрватски јазик.

 

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација