Почитувани потрошувачи, во изминатиот период до нашата институтција – Државен пазарен инспекторат има зголемен број на добиени претставки за измама на потрошувачи преку набавка на најразлични прозиводи и услуги добиени по електронски пат.
Сакаме да ве известиме дека според актуелните и во сила достапни правни акти за електронска трговија на Република Македонија, овој начин на трговија сеуште не е детално правно опишан а со тоа и нашата функција како државен орган за заштита на потрошувачите во дел од електронската трговија во овој период е ограничен. Државниот пазарен инспекторат во соработка со други сродни институции во наредниот период има за цел да покрене иницијатива за измени и дополнување на ваќе постоечките правни акти од оваа категорија.
Со ова известување сакаме да апелираме до сите потрошувачи, пред да извршат било каква трансaкција или набавка на производ или услуга по електронски пат добро да се информираат за трговецот кој што ја нуди истата, безбедноста на електронската платформа преку која што врши нарачка, како и начинот на кој се врши плаќањето на прозиводот или услугата на истата.