Државниот пазарен инспекторат во рамките на своите надлежности и согласно Годишниот план за работа на ден 01.07.2018 година изврши инспекциски надзори во угостителски објекти од видот дискоклуб, дискоклуб на отворен простор и кафе барови.
Со инспекцискиот надзор беа опфатени девет објекти, а целта на надзорот беше да се утврди дали објектите од оваа категорија помеѓу другото поседуваат лиценца за вршење на дејноста која ја издава Министерство за Економија и е обврска утврдена во член 20 од Законот за угостителска дејност.
Од извршените надзори се констатира дека само едно од правните лица кои стопанисуваат со овие угостителски објекти поседува лиценца за вршење на дејноста.
За утврдените неправилности Државниот пазарен инспекторат ќе донесе Решенија за привремена забрана за вршење на дејноста и ќе спроведе прекршочни постапки.