Во соработка со Американската стопанска комора во Република Македонија на ден 28 Април, 2015 година, во Скопје, по повод Светскиот ден на интелектуална сопственост се одржа работилница за инспекторите на Државниот пазарен инспекторат на која што присуствуваа и претставниците на Министерството за внатрешни работи.

Целата на работилницата е споделување на регионалните и светските практични искуства во заштитата на правата од интелектуална сопственост пренесени од страна на предавачи од реномирани светски компании, имајќи во предвид дека прашањето на почитувањето на правото на интелектуална сопственост е еден од основните предуслови за креирање на конкурентна економија и обезбедување на еднакви услови за сите економски оператори на пазарот.














