Државниот пазарен инспекторат - Одделение за инспекциски надзор Скопје на ден 31.03.2015 година, изврши инспекциски надзори над работењето на физички лица кои вршат трговија на мало со разни производи на ул. Лазар Личеновски бб (под Кале).
Надзорите се извршија во координација со претставници од Министерството за внатрешни работи, во период од 08.30 до 12.00 часот.
При надзорите од лицата се одземени следните стоки:
- Прехранбени производи во количина од 934 парчиња (паштети со изминат рок),
- Козметички средства - 40 парчиња и
- Средства за општа употреба - 132 парчиња
Против физичките лица кои биле затекнати како нерегистрирано вршат трговска дејност до надлежниот Основен суд ќе бидат поднесени три барања за поведување на прекршочна постапка.














