Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија, преку Одделението за инспекциски надзор Скопје во текот на денешниот ден на регионалниот пат Гостивар-Кичево и регионалниот пат Велес –Скопје,
спроведоа инспекциски надзори преку органолептичка односно визуелна проверка со вадење на гориво од резервоарите на возилата со цел да се провери дали моторните возила и товарните возила користат како погонско гориво екстра лесна нафта за домаќинство, ЕЛ-1.
Од извршените надзори беше констатирано дека нема прекршување на одредбите од законот за акцизи што значи дека контролираните моторни возила и товарни возила користат погонско гориво еуро дизел БС.