Почитувани,
Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија во соработка со Цариската Управа на Република Северна Македонија, на ден 21.02.2020 година спроведоа две акции против нелегалната продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи.
Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и претставуваат акцизни добра.
Двете акции паралелно беа спроведени во Скопје и Тетово, при што на територијата на Општина Тетово службените лица на Државниот пазарен инспекторат при вршење на претресот беа брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе кои и се познати на полицијата и против нив ќе биде покрената соодветна пријава. Оттука Државниот пазарен инспекторат и Царинската Управа порачуваат дека и покрај сите опструкции ќе продолжат да се борат против сивата економија и нелегалната продажба на тутунски производи ширум државата.
Во акцијата беа запленети :
113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари.
Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра.
На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин.