Почитувани,
Во Државниот пазарен инспекторат од страна на неколку медиуми побарани се информации во врска со зголемувањето на цените на одредени производи кои потрошувачите во голем обем ги набавуваат во периодот на актуелизирање на присуството на „Корона“ вирус во државата.
Согласно горенаведеното Ве известуваме дека до овој момент во Државниот пазарен инспекторат не се доставени претставки од потрошувачи за зголемени цени на заштитни маски, брашно, масло за јадење, средства за дезинфекција и слично.
Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе изврши инспекциски надзори кај операторите кои вршат продажба на погоре нотираните производи.