Директорот на Царинската управа Горан Сугарески додели 2 плакети со повелба на Британската служба за јавни приходи и царина и на Државниот пазарен инспекторат за долгогодишна успешна соработка. На г-ѓа Снежана Илиева, истакнат ликовен уметник која во повеќе наврати донираше уметнички дела и учествуваше во подготовки на значајни документи од меѓународни и национално значење и додели пофалница. На 11 царински службеници директорот им додели пофалници за постигнати исклучителни резултати во работењето, висок степен на ангажираност, вонредни залагања, самоиницијативност при спроведување на работните задачи, покажана одговорност и ентузијазам во работењето.
Секој награден индивидуалец има свој огромен придонес кон целокупниот успех и постигнатите резултати на Царинската управа во текот на 2020та година.
Предизвиците со кои се соочува Царината, патот на дигитализација кој е започнат, стратешката цел - значително подобрување на давање на услуги на економските оператори и борбата против корупција не може да се постигне без целосно вклучување и посветеност на човечките расурси.
Благодарност до вработените кои пристапија со голем ентузијазам кон примена на новите текови во модернизацијата на Царината и со голема посветеност успешно ги реализираат активностите.
