Вести
Четврток Април 16, 2026

Нашиот нов предизвик во периодот што предстои ќе биде зајакнување на контролата врз е-трговијата. “, вели в.д. Директорот на ДПИ Анета Симеска-Димоска.

  Цел на потпишување на меморандумот за меѓусебна соработка помеѓу Државниот пазарен инспекторат  и Асоцијацијата за е-трговија кој го потпишаа в.д. директорката на ДПИ, Анета Симеска Димоска и претседателката на АЕТМ, Др. Нина Ангеловска, е намалување на сивата економија во е-трговијата и зајакнување на меѓусебната соработка.

Во меморандумот се наведува дека двете страни потписнички ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе споделуваат тековни и нови искуства, ќе учествуваат на настани од областа за е-трговија, ќе разменуваат професионални совети и ќе придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите на страните. Државниот пазарен инспекторат и Асоцијацијата исто така ќе организираат и заеднички активности поврзани со сивата економија во е-трговијата, кои ќе имаат за цел да влијаат на намалувањето на сивата екомонија во е-трговија и да го поттикнат работењето на е-трговците како регистрирани правни субјекти, следејќи ги прописите од законската регулатива, како и да поттикнат раст и развој на е-трговијата во Македонија.

Преку потпишувањето на овој меморандум Државниот пазарен инспекторат се стекна со Почесно членство на во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

„Во време на брз пораст на е-трговијата во нашата држава и предизвиците кои таа ги носи со себе, како од аспект на контрола на работењето на е-трговците, што е и основна надлежност на ДПИ, така и од аспект на размена на искуства, информации за проблемите во работењето, но и потребата од соодветна законска регулатива, а се со цел да има коректна конкуренција и регулиран пазар, сметавме дека ни е потребно да оствариме една вакава соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, што секако е од обостран интерес. Оваа соработка ќе доведе до зајакнување на позицијата на ДПИ за поддршка на активности поврзани со е-трговијата, до реализација на заеднички проекти од областа на истражувањето, управување со знаење, промени и организациски развој, како и стратешки менаџмент и секако ќе доведе до зголемување на видливоста на работата и надлежностите на ДПИ на локално, регионално и национално ниво.” - изјави В.Д. Директорот на ДПИ, Анета Симеска Димоска.

Државниот пазарен инспекторат, со потпишување на овој меморандум очекува забрзување на процесите и подобрување на законската регулатива, со што ќе се олесни постапувањето. Од сето ова, придобивка ќе имаат како е-трговците така и  потрошувачите.

FB IMG 1625837929047

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација