На иницијатива на Извршната директорка на Сојузот на Стопанските комори на Македонија, вчера (07.09.2021 година) во просториите на Државниот пазарен инспекторат се одржа средба помеѓу В.Д. Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска и Извршниот директор на Сојузот на Стопански комори на Македонија, Христина Стојановиќ.
На средбата се разменија информации за работењето на Сојузот на стопански комори на Македонија и Државниот пазарен инспекторат секоја од свој домен на надлежност и во насока на идна соработка од заеднички интерес беа разгледани можности на мерки и активности кои ќе бидат превземени, а со цел да се влијае на унапредување на деловното опкружување и бизнис климата во државата како и за намалување на сивата економија и подобрување на конкурентноста.
Како институција која е надлежна за надзор по многу Закони од облата на трговијата , услугите и производството од страна на директорката на ДПИ беше истакнато дека нашата интенција е да бидеме отворени за соработка кон компаниите и да она што ни е примарна цел ,-почитување на законската регулатива , да ја оствариме со спроведување на начелото на превентивност во нашето постапување. Воедно беа договорени и конкретни активности кои ќе бидат организирани од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија, а на кои ќе земе учество и Државниот пазарен инспекторат со свои претставници.