На 31.03.2022 година во одделението Гостивар свечено се пуштија во употреба новите работни простории кои што се дел од вториот проект на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), каде што се изврши реконструкција на постоечките десет канцеларии и се обезбеди опрема во работните простории. За вработените во Гостивар овој проект овозможува подобрување на условите за работа, што ќе доведе до зголемување на ефективноста и ефикасноста на работењето.

Благодарност до ТИКА која преку заеднички воспоставената соработка ја препозна потребата од реновирање и опремување на работните простории на ДПИ во пооделни градови, а со една единствена цел да се зголеми квалитетот , ефикасноста и ефективноста на вработените и на институцијата . Поддршката од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)преку два одделни проекти ни овозможи да ги подобриме условите за работа на вработените во одделението Гостивар и одделението Куманово.




