На 6-ти декември 2022 година се одржа работна средба помеѓу претставници на Државен инспекторат за контролана непрехранбени производи и заштита на потрошувачите и Национален институт за метрологија на Република Молдавија и Директорот и вработените во Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија.
Целта на посетата на делегацијата од Молдавија на Државниот пазарен инспекторат беше да се добие одговор околу начинот на кој ДПИ, во соработка со Бирото за метрологија (за што има склучено Меморандум за соработка), врши контрола на нафтените деривати кои се пуштени на пазарот на Република Северна Македонија.
Претставниците на Република Молдавија, заедно со Директорот и инспектори од ДПИ, како и претставници од Бирото за метрологија, практично излегоа на терен на 07-ми декември 2022 година со цел да се презентира начинот на кој ДПИ врши инспекциски надзор на нафта и нафтени деривати на бензиска станица во Скопје.