“Апел до потрошувачите доколку утврдат неправилност да пријават на телефонските броевите 02/3162-341 и 02/3220-547 и официјалната маил адреса на ДПИ: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.”
Владата на Република Северна Македонија врз основа на член 30 став1 алинеа 1 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), на седниците, одржани на 14 јуни 2022 година, 15 јуни 2022 година, 20 септември 2022 година и 06 октомври 2022 година, донесе Одлуки за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 135/22, 137/22, 206/22 и 217/22), со која ги определи највисоките трговски маржи како посебен услов за следните производи во трговијата за големо и мало:
- леб бел (сечен на парчиња или цел);
- шеќер бел;
- сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
- брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
- макарони и шпагети од тврда пченица;
- македонски ориз бел;
- трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
- јајца од кокошка;
- урда ;
- кравјо бело сирење и мешано бело сирење;
- кашкавал;
- кисело млеко и павлака и
- jогурт.
Врз основа на оваа Одлука, Државниот Пазарен Инспекторат како надлежен орган изврши инспекциски надзори кај производителите, увозниците и трговците на големо и мало кои вршат трговија на големо и мало со погоре наведените производи при што се констатира дека овие правни субјекти ја почитуваат горенаведената Одлука.
Имено, со ставањето на над 230 компании кои произведуваат основни и прехрамбени производи а во регулираниот пазар за електрична енергија од 01.12.2022 година постепено почнаа да се намалуваат цените на овие производи. Тоа се потврдува и од инспекциските надзори на државните пазарни инспектори кои се извршени и се вршат во континуитет.
Државниот Пазарен Инспекторат до Владата на Република Северна Македонија, на ден 19.12.2022 година достави официјален Извештај за извршени инспекциски надзори за период од 12.12.2022 година до 16.12 2022 година по однос на Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 135/22....217/22).
Врз основа на оваа Одлука, Државниот Пазарен Инспекторат како надлежен орган изврши инспекциски надзори кај производителите, увозниците и трговците на големо и мало кои вршат трговија на големо и мало со наведените производи од Одлуката при што се констатира дека правните субјекти ја почитуваат горенаведената Одлука.
Имено, инспекторите од Државниот Пазарен Инспекторат се постојано на терен и при направениот увид на цените на прехрамбените производи, посебно кај оние производи кои се предмет на Одлуката забележано е дека има благ тренд на намалување, посебно на лебот од 3 до 5 денари по парче, на млеко за 2 до 9 денари и кај маслото за јадење каде што има постојан тренд на опаѓање на цената.
Напоменуваме дека предмет на инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат беа и се контроли по однос на почитувањето на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничувањето на маржата на основните прехрамбени производи опфатени со оваа Одлука.
Во текот на претходната недела се извршени 53 инспекциски надзори при што се констатира дека кај трговците на големо и мало нема отстапување од пропишани маржи кај основните прехрамбени производи.
Државниот пазарен инспекторат и во периодот кој следи ќе продолжи со вршење на инспекциски надзори по однос на почитување на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија и ќе известува дали ќе продолжи трендот на намалување на цените на основните прехрамбени производи.