Потрошувачите побараа:
Државниот пазарен инспекторат подготви флаер со поедноставено објаснување на новиот Закон за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ“ бр. 236/22).
Законот за заштита на потрошувачите стапи во сила на 15.11.2022 година во период на сезонски и предпразнични намалувања на цените на стоки и услуги, за што во Државниот пазарен инспекторат со прашања се јавија поголем број на потрошувачи.
Државниот пазарен инспекторат врз основа на барањата на потрошувачите го изработи флаерот со концизно објаснување во скратена форма на делот за попусти (намалувања на цените) за да им овозможи полесно да ги остварат своите права.