Изминатата година беше исполнета со подеми и падови, но додека гледаме напред, не можеме а да не се надеваме на подобар почеток. Една од работите што ни ги дозволува годината која изминува е можноста да размислуваме за сето она што сме го постигнале. Без разлика дали се работи за лични достигнувања или за пресвртници што ги постигнавме како општество, важно е да одвоиме момент за да го цениме сето она што сме го направиле.
Но, секако, Новата година е и за поставување и достигнување нови цели. Затоа во пресрет на Новата 2023 година, во согласност со актуелните барања на потрошувачите, Државниот пазарен инспекторат започнува со поинтензивна комуникација и постојано споделување информации за граѓаните како би се овозможила успешна имплементација на сите нови прописи и оние што ќе следат како дел од националната легислатива.
Државниот пазарен инспекторат воспоставува мост помеѓу економските оператори и потрошувачите преку подиректно информирање и со цел превенирање на причините за намалување на последиците.
Во периодот по завршување на новогодишните празници Државниот пазарен инспекторат ќе ги интензивира контролите со искористување на своите капацитети. Ве повикуваме на заедничка соработка кон целта!
Подобро да превенираме отколку да санкционираме!
Ви посакуваме среќна, здрава и бериќетна Нова година на сите!