Министерството за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Царинската управа извршија заеднички координирани контроли во повеќе отпади на подрачјето на Кичево.
При вршење на надзорот од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со надлежностите, констатирани се неправилности во делот на вршење нерегистрирана дејност според Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирна дејност, а прекршени се одредби од Законот за трговија, Законот за трговски друштва и Законот за метерологија. Во согласност со сторените прекршоци и повредата на законските одредби, издадени се 5 прекршочни платни налози во вредност од над 50.000 денари.
Односно, во отпад за половни возила во Кичево, од страна на Државен пазарен инспекторат е констатирана неправилност за вршење нерегистрирана дејност, издаден е платен налог и изречена е забрана за обавување дејност во рок од 30 дена, од Царинска управа е издадена наредба за непостапување за неколку возила со странско потекло за кои ќе следи и понатамошна постапка, а од Државниот инспекторат за животна средина е констатирана неправилност во врска со обавување дејност без дозвола за работа за што ќе следи соодветен поднесок и понатамошна постапка за третирање на отпадот.
Во отпад на магистрален пат кај с.Зајас, од страна на Државен пазарен инспекторат констатирана е неправилност за обавување нерегистрирана дејност и за небаждарена вага, за што е издаден платен налог, додека при контрола на деловен субјект, во индустриска зона Кичево, од страна на Државниот пазарен инспекторат се констатирани неправилности во врска со неистакната фирма и небаждарена вага, за кои ќе биде изречена глоба, додека од Државниот инспекторат за животна средина е констатирано дека субјектот нема дозвола за обавување на дејност и друга законски неопходна документација, поради што ќе биде изречена глоба. Од страната на Управата за јавни приходи е утврдено дека деловниот субјект нема фискален апарат, поради што ќе биде изречена казна и забрана за работа од 30 дена.
Државниот пазарен инспекторат и понатаму ќе врши надзори, самостојно и во координирани акции, со цел да се спречат нерегуларностите и да овозможи непречено функционирање на пазарот. Законите треба доследно да се применуваат и подеднакво да важат за сите. Целта не е само да санкционираме, туку и да ги едуцираме субјектите односно економските оператори за да функционираат согласно законот во иднина.