Во рамките на проектот финанисран од ЕУ “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, се одржаа работилници, на кои учествуваа вработените од сите одделенија на инспекторатот.
Главната цел на работилниците беа принципите за добра тимска работа и лидерство, за што беа презентирани алатки, стратегии за ефективна тимска работа, лидерски вештини, различни видови методологии на работење, како и совети за успешно решавање на проблеми. Овие работилници се од исклучително значење за тимот на пазарниот инспекторат кој дополнително ги спроведува во пракса, за што тврдат и позитивните резултати од експедитивната работа.
Предавач на работилниците беше експертот Нина Бабушковска, којашто има долгогодишно искуство во областа на економијата, креирање стратегии и консултации во јавниот и приватниот сектор.