Вести
Вторник Септември 23, 2025

„Пазарниот инспекторат е на терен! Контролираме дали трговците ги усогласиле цените со Одлуката донесена од Владата.

Трговците имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во тековната годината, како референтна цена, а сите намалени производите треба да имаат ознака ГАРАНТИРАНА ЦЕНА!

Трговците кои вршат трговија на големо имаат обврска да одобруваат рабат во висина од 5% и да им ги продаваат месечно производите од Одлуката на трговците на мало во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година!

Очекувам трговците самоиницијативно да ги намалат и цените на останатите производи. Потребно е заеднички да работиме за подобар животен стандард на сите граѓани! Постапуваме без селекција и ќе биде санкциониран секој кој нема да почитува закони. Ќе следи затворање и на објекти, како и забрана за вршење на дејност доколку не се почитува Одлуката!

Граѓаните да пријават неправилности на 02/191 кој е 24/7 достапен!“ – потенцираше директорот Горан Трајковски во своето видео обраќање.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација