Државниот пазарен инспекторат во соработка со преставници на МВР ПС Центар преку Одделение за инспекциски надзор Скопје на ден 11.08.2015 година изврши координиран инспекциски надзор над работењето на физички лица кои вршат трговија на мало со алкохолен пијалок.
При вршење на надзорот на паркинг простор на ул Мито Хаџи Василев Јасмин (пред влезот за Зелен Пазар) затечени се 4 (четири) физички лица кои вршат трговија на мало со ракија без да се регистрирани во соодветен регистар. Врз основа на констатираната фактичка состојба и согласно надлежноста на Државниот пазарен инспекторат одземени се 396 литри ракија а на физичките лица е доставена покана за наплата на глоба вредност 200 евра.
Заедничките активности на Државниот пазарен инпекторат и МВР ќе продолжат и во престојниот временски период, а со цел намалување на сивата економија.