Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Во рамките на делокругот на активностите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот временски период ќе се интензивираат контролите на правни и физички лица кои вршат угостителска и туристичка дејност согласно Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност, и тоа:

1. Угостителски објекти

Без разлика на видот на угостителскскиот објект, посебен акцент во контролата ќе биде ставен на придржување на пропишаното работното време во ноќнки барови, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, контрола на лиценците, како и контрола на одобренијата за вршење дејност надвор пред деловниот објект.

Поради висината на глобите и можните несакани последици во делот на управната постапка, односно затварање на угостителските објекти ги замолуваме вршителите на угостителска дејност да се придржуваат кон законските обврски од Законот за вршење на угостителска дејност.

Доколку граѓаните воочат било какви неправилности истите можат да ги пријават во Државниот пазарен инспекторат по електронски пат или во писмена форма.

2. Туристички Агенции

Предмет на надзорот кај туристичките агенции е поседување на лиценци за вршење на туристичка дејност, придржување на правата и обврските кај агенциите, придржување на елементи на договорите, издавање на туристички ваучери, должност на имање на туристички придружник при организирање на туристичка група.

Во таа насока Државниот пазарен инспекторат ги повикува сите корисници на туристички услуги во Република Македонија при при секое туристичко патување да внимаваат на следново :

  • при потпишување на договорите со туристичката агенција да проверат дали истата поседува лиценца за вршење на туристичка дејност
  • да добие туристички ваучер за патувањето.
  • да добие туристички водич за патувањето, во случајот кога се користи аранжман надвор од државата
  • внимателно да го прочита договорот

Доколку корисниците на туристичките пакети не се задоволни од користената услуга можат своите права да ги побараат во писмена форма или во електронска форма до Државниот пазарен инспекторат.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)