Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Државниот пазарен инспекторат на Република Македонија, преку Одделението за инспекциски надзор - Скопје, во соработка со преставници од Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, изврши инспекциски надзори на 04 и 05.11.2014 година, на територија на Општина Куманово и на територија на Град Скопје, Општина Чаир.

Предмет на надзорот беше: Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.

  • 04.11.2014 година- извршени се вкупно 12 инспекциски надзори. Предмет на инспекциски надзор беа угостителските објекти во село Липково, Лојане и Опаје, како и угостителските објекти во градот Куманово.
  • 05.11.2014 година- извршени се вкупно 10 инспекциски надзори. Предмет на инспекциски надзор беа угостителските објекти во Старата Скопска Чаршија, локалитетот „Треска“ Скопје Север и ТЦ „Чаирчанка“ на територија на Град Скопје.

 

При инспекциските надзори во 4 (четири) угостителски објекти е констатирано дека се врши угостителска дејност без упис во Централниот регистар, согласно Законот за угостителска дејност Државниот пазарен инспекторат донесе решенија за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.

Постапувајќи по Законот за заштита од пушење во 5 (пет) угостителски објекти, констатирано е непочитување на одредбите од овој закон. Државните пазарни инспектори ќе донесат решенија за привремена забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 15 (петнаесет) за правно лице и 7 (седум) дена за трговец поединец.

Во моментот на надзорот во 4 (четири) угостителски објекти затечени се 8 (осум) физички лица кои не го почитувале Законот за заштита од пушење и против истите ќе бидат покренати Прекршочни постапки.

За сторените неправилности на правните субјекти им се издадени платни налози во висина од 2500 евра кои во рок од 8 дена треба да ги уплатат во Буџетот на Р. Македонија. Доколку платните налози не бидат платени во дадениот рок, против правните субјекти ќе бидат поднесени барања за поведувања на прекршочна постапка до Основен суд.

Активностите на Државниот пазарен инспекторат за контрола на угостителските објекти ќе продолжат и во наредниот период на цела територија на Р.Македонија согласно Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)