Актуелната епидемиолошка состојба во Република Северна Македонија, со значително зголемен број на нови случаи од Корона вирусот, дополнително го зголеми бројот на инспекциски надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат, кои соодвестуваат согласно Одлуката на Владата која ги донесе најновите мерки, препораки и протоколи врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.
Државниот пазарен инспекторат
вршеше зачестени контроли врз субјекти на територијата на Република Северна Македонија, кои се однесуваат согласно мерките, препораките и протоколите на Владата, односно, за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, за настан од секаков вид и за влез во затворениот дел од моловите, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи: задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:
- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
- сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Од 25.08.2021 на сила стапија измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето
Во периодот од 23.08.2021 до 26.08.2021 година, од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 1756 инспекциски контроли и направени се 107 записници за извршени инспекциски контроли на територијата на Република Северна Македонија.
Од страна на државните пазарни инспектори поднесена е една прекршочна пријава согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.
Државниот пазарен инспекторат продолжува со засилени контроли и во наредниот период, согласно Одлуката на Владата, а во интерес на јавното здравје и заштита на населението од Ковид 19.