Државниот пазарен инспекторат од 13.12.2021 до 19.12.2021 година има извршено вкупно 123 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.
На 14.12.2021 година од одделение за инспекциски надзор Гостивар констатиран е прекршоk по член 28 став 2 од Законот за трговија, а на 15.12.2021 констатиран е еден прекршок по член 83 од законот за трговија.
Од одделение зa инспекциски надзор Битола донесени се 4 решенија по Закон за управување со пакување и отпад од пакување.
Во периодот од 13.12.2021 до 19.12.2021 година Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 443 контроли и составено 38 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.
Од одделение за инспекциски надзор Скопје утврдени се нерегуларности во работењето на 2 субјекти во Тетово. При акциска контрола во повеќе угостителски објекти во координација со МВР и УЈП извршени се инспекциски надзори врз основа на Закон за заштита на населението од заразни болести, Законот за заштита од пушење и Законот за угостителство. При инспекциските надозри постапувајќи по Законот за заштита на населението од заразни болести затекнати се 5 лица без поседување сертификат за примена вакцина и по истиот закон издадени се 4 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 2000 евра во денарска противвредност и се издадени 2 решенија за привремена забрана за вршење на дејност и затворени се два објекти.
Во два објекти констатирани се прекршувања по Законот за пушење и за сторениот прекршок издадени се 4 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 5000 евра во денарска противвредност. По законот за угостителска дејност постапувано е кај 6 правни субјекти каде постапката на инспекциски надзор се продолжува.
Издадени се вкупно 112 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.