Во врска со измените на Законот за трговија ги информираме трговците за обврските за почитување на Законот по однос на работното време и можноста да вршат трговија за време на државни празници и недела како неработен ден.
Трговецот на големо и трговецот на мало го утврдува работното време на продавниците, киосците, автоматите, штандовите, зелените пазари, магацините, складовите, деловните простории, продавниците, штандовите и киосците во трговските центри (молови) и бензинските станици зависно од бројот на вработените.
Должината и распоредот на работното време што трговецот го утврдил треба да се усогласат со правата, обврските и одговорностите на вработените утврдени со прописите од областа на работните односи, особено вопоглед на распоредувањето на работното време и прекувремената работа, ноќната работа, дневниот, неделниот и годишниот одмор и другите отсуства од работа и во согласност со ограничувањата утврдени со прописите од областа на заштита од бучава.
Продавниците што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловно станбени згради не можат да почнат со работа пред 6:00 часот и мора да завршат со работа до 23:00 часот.
Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови: По исклучок на ова трговијата може да се врши
1) во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност;
2) во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; работното време во овие објекти е од 00:00 до 24:00 часот
3) во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2; Трговците во објектите можат да работат од 10:00 до 20:00 часот
4) на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;
5) во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и
6) на зелени пазари.каде работното време може да биде од 08:00 до 14:00 часот
За работниците кај трговците на мало каде е дозволена работа во недела и државен празник, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата, согласно со закон