Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20.12.2021 до 02.01.2022 година има извршено вкупно 768 инспекциски надзори и 1331 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период изречени се 68 прекршочни пријави од кои 66 пријави се по однос на Закон за финанскиска дисциплина и две пријави по Закон за заштита на населението од заразни болести. Државниот пазарен инспекторат издал вкупно 149 решенија, од кои  122 решенија по Закон за финснсиска дисциплина, а останатите решенија се по однос на други закони кои се во надлежност на ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат од 20.12.2021 до 26.12.2021 година има извршено вкупно 62 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Во периодот од 20.12.2021 до 02.01.2022 година Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 350 контроли и составено 33 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Од одделение за инспекциски надзор Штип донесено е 1 решение по закон за заштита на населението од заразни болести, времено затворање на угостителски објект од 10 дена, поради непочитување на протоколите од ковид 19 (затворен на 25.12.2021).

Со измените и дополнувањата на Законот за трговија, кој регулира дел од прашањата за работата на трговски субјекти, во текот на 02.01.2022 година (недела), од страна на Државниот пазарен инспекторат беа вршени контроли. Државните пазарни инспектори беа излезени на терен превентивно, за да се скенира состојбата и не се констатирани неправилности.

Издадени се вкупно 98 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)