Државниот пазарен инспекторат во периодот од 03.01.2022 до 09.01.2022 година има извршено вкупно 114 инспекциски надзори и 678 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.
Со измените и дополнувањата на Законот за трговија, кој регулира дел од прашањата за работата на трговски субјекти, на 07.01.2022 година (државен празник) и на 09.01.2022 година (недела), од страна на Државниот пазарен инспекторат беа вршени контроли:
Од одделение за инспекциски надзор Тетово составени се 2 записници по Законот за трговија и не се утврдени неправилности и непочитување на законот.
При контроли од одделение за инспекциски надзор Кавадарци на 07.01.2022 и 09.01.2022 година не се затекнати отворени продавници и трговците ги почитуваат законските одредби.
Од одделение за инспекциски надзор Штип и Битола извршени се над 80 контроли на трговски објекти. Сите објекти биле затворени и не се утврдени неправилности, работат исклучиво продавници кои се во состав на бензиски станици со уредно пријавено работно време во ДПИ.
Од одделение за инспекциски надзор Гостивар со градовите Кичево и Македонски Брод и одделение за инспекциски надзор Куманово исто така се вршени контроли за работата на објектите во недела и државан празник и не се утврдени непочитување на мерките.
Од одделение за инспекциски надзор Скопје извршени се 5 инспекциски надзори и издадени се 3 прекршочни налози, од кои во еден објект за трговија на мало со месо, еден објект за трговија со облека и еден објект прехранбен маркет за кои согласно Законот за трговија утврдени се неправилности и постапката е во тек.
Од одделение за инспекциски надзор Струга со градот Дебар државните пазарни инспектори беа излезени на терен и секаде се почитува забраната за работа во недела.
Одделение за инспекциски надзор Охрид при контроли на објекти не утврди неправилности, работеле само 3 објекти кои ги исполнуваат условите од член 25 од Законот за трговија.