Државниот пазарен инспекторат во периодот од 10.01.2022 до 16.01.2022 година има извршено вкупно 375 инспекциски надзори и 1007 контроли на целата територија на Република Северна Македонија. Издадени се вкупно 103 решенија и 27 прекршочни пријави по различни основи во надлежност на ДПИ.
Државниот пазарен инспекторат од 10.01.2022 до 16.01.2022 година има извршено вкупно 49 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.
Со измените и дополнувањата на Законот за трговија, кој регулира дел од прашањата за работата на трговски субјекти на 16.01.2022 година (недела), од страна на Државниот пазарен инспекторат беа ивршени 252 контроли на цела територија на РСМ и не се утврдени неправилности.
Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 382 контроли и составено 61 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.
На 15.01.2022 година во Крива Паланка во соработка со МВР кај еден објект утврдено е дека не се почитува Протокол за отварање и работа на угостителски објект, каде ќе биде донесено решение за привремена забрана за вршење дејност во рок од 10 дена, како и прекршочен платен налог согласно големината на објектот.
Издадени се вкупно 35 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.