Државниот пазарен инспекторат во периодот од 17.01.2022 до 23.01.2022 година има извршено вкупно 486 инспекциски надзори и 900 контроли на целата територија на Република Северна Македонија. Издадени се вкупно 72 решенија од кои 59 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за метрологија и 5 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период изречени се 41 прекршочни пријави од кои 35 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за заштита на населението од заразни болести, 2 по Закон за трговија и 2 по Закон за угостителска дејност.
Државниот пазарен инспекторат од 17.01.2022 до 23.01.2022 година има извршено вкупно 85 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.
Со измените и дополнувањата на Законот за трговија, кој регулира дел од прашањата за работата на трговски субјекти на 23.01.2022 година (недела), од страна на Државниот пазарен инспекторат беа ивршени 74 контроли и 54 инспекциски надзори на цела територија на РСМ и не се утврдени неправилности.
Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 279 контроли и составено 75 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.
Издадени се вкупно 42 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.