Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 24.01.2022 до 30.01.2022 година има извршено вкупно 562 инспекциски надзори и 970 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Издадени се вкупно 96 решенија од кои 76 по Закон за финансиска дисциплина, 4 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за заштита на потрошувачите, 2 по Закон за трговија, 1 по Закон за угостителска дејност, 6 по Закон за заштита на населението од заразни болести, 4 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.  Во овој временски период изречени се 27 прекршочни пријави од кои 25 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за заштита од пушењето и 1 по Закон за заштита на потрошувачите.

Од одделение за инспекциски надзор Скопје на 28.01 во координирана акција сo претставници од МВР ПС Центар и ПС Гази Баба извршени се инспекциски надзори во угостителски објекти на територија на Општина Центар, Општина Петровец и Општина Илинден врз основа на ЗУД, ЗЗП и ЗЗНЗБ при што е констатирани се неправилности и привремено е затворен еден објект по член 64 од ЗЗНЗБ. Постапката продолжува со издавање на прекршочен платен налог

На 29.01.2022 година од одделение за инспекциски надзор Скопје во координирана акција сo претставници од МВР  и УЈП извршени се инспекциски надзори во  15 угостителски објекти на територија на Општина Куманово врз основа на ЗУД, ЗЗП и ЗЗНЗБ при што во 4 објекти, согласно ЗЗНЗБ констатирани се неправилности (затекнати гости без сертификат за вакцинација од страна на МВР), истите се затворени и пломбирани во моментот од страна на ДПИ и ќе им се издадат прекршочни платни налози во постапка за порамнување.
Во еден објект констатирана е неправилност по ЗУД, постапката ќе продолжи со издавање на прекршочни платни налози во постапка за порамнување.
Во 6 објекти не се констатирани неправилности.
Во 3 објекти побарана е дополнителна документација и дополнително ќе се утврди дали има прекршувања на одредбите од ЗУД.

Од одделение за инспекциски надзор Струмица на 28/29.01.2022 година вршени беа инспекциски надзори во Гевгелија каде во еден угостителски објект беа констатирани неправилности и за истиот е издадено решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести.

На 29/30.01.2022 година од одделение за инспекциски надзор Струмица извршени се 35 инспекциски надзори на угостителски објекти во Струмица по однос на Закон за угостителска дејност, Закон за заштита од пушење, како и по Ковид протоколите на Владата. Кај еден субјект констатирани се неправилности согласно член 23 од Законот за угостителска дејност, каде е пропишно работното време и побарана е асистенција од МВР за постапување по однос на соодветни управни и казнени објекти и затварање на објектот.

Издадени се вкупно 64 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)