Во период од 07.02.2022 - 13.02.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 653 надзори и 831 контроли на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој временски период издадени се вкупно 125 решенија и 23 прекршочни пријави.
Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 392 контроли и составено 87 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.
Од Државниот пазарен инспекторат на 10.02.2022 година при инспекциски надзори во еден угостителски објект во Скопје беа констатирани неправилности и за истиот е издадено решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести, како и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.
Државниот пазарен инспекторат на 11.02.2022 година во координирана акција со МВР и УЈП изврши инспекциски надзори во објекти на територија на Тетово и околните населени места, по угостителски објекти и казина, согласно ЗЗНЗБ, ЗУД и ЗЗП.
Констатирана е следната фактичка состојба:
- 4 објекти се привремено затворени по член 64 од ЗЗНЗБ
- Во 2 објекти констатиран е прекршок по член 3 вв член 2 од Законот за заштита од пушењето
- Во 3 објекти побарана е дополнителна документација по ЗУД, постапката продолжува, по нејзино разгледување ќе се преземат постапки во случај да се констатираат неправилности
На 12.02.2022 од Државниот пазарен инспекторат во координирана акција со МВР и УЈП извршени се инспекциски надзори во 4 угостителски објекти и 1 казино на територија на Кочани, согласно ЗЗНЗБ, ЗУД и ЗЗП. Констатирана е следната фактичка состојба:
- 3 објекти се привремено затворени по член 64 од ЗЗНЗБ. Затекнати се вкупно 35 лица без сертификат за вакцинација. Ќе се поведе прекршочна постапка со издавање на Прекршочни платни налози.
- Во 1 објект затекнати се гости како пушат цигари. Констатиран прекршок по член 3 вв член 2 од Законот за заштита од пушењето. Ќе се спроведе прекршочна постапка со издавање на Прекршочни платни налози.
Од Државниот пазарен инспекторат извршени беа инспекциски надзори во угостителски објекти на територија на општина Кавадарци на 12.02.2022 година врз основа на Законот за угостителска дејност, Закон за заштита од пушење и Закон за заштита на населението од заразни болести и утврдени се неправилности, при што затворен е еден објект по Закон за заштита на населението од заразни болести и за истиот е издаден и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.
Државниот пазарен инспекторат од 07.02.2022 до 13.02.2022 година има извршено вкупно 42 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.
Издадени се вкупно 102 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.