Државниот пазарен инспекторат во периодот од 21.02.2022 година до 27.02.2022 година има извршено вкупно 571 надозри и 780 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.
Во овој временски период издадени се вкупно 97 решенија и 46 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 105 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.
Од Државниот пазарен инспекторат при инспекциски надзори угостителски објекти во Скопје беа констатирани неправилности и за еден објект издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести, како и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.
Од Државниот пазарен инспекторат извршени беа инспекциски надзори во угостителски објекти на територија на општина Тетово во кооринирана акција со претставници на Управата за јавни приходи и МВР и врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести и утврдени се неправилности, при што затворени се два објекти по Закон за заштита на населението од заразни болести и за истите е издаден и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.
Во овој временски период Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 297 контроли и составено 32 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.
Државниот пазарен инспекторат од 21.02.2022 до 27.02.2022 година има извршено вкупно 30 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало и трговијата на големо – објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија бр 270/21 и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.