Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 28.02.2022 година до 06.03.2022 година има извршено вкупно 597 надозри и 766 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 76 решенија и 23 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 77 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат при инспекциски надзори во угостителски објекти во Тетово беа констатирани неправилности и за еден објект издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност по Закон за заштита на населението од заразни болести, како и соодветен прекршочен платен налог согласно големината на субјектот.

Од Државниот пазарен инспекторат при инспекциски надзори во Струмица беа констатирани неправилности, при што беа донесени две решенија по Законот за угостителство за привремена забрана за вршење на дејност.

По однос Одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало од Државниот пазарен инспекторат извршени се околу 300 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

При инспекциските надзори од ДПИ беа контролирани малопродажни објекти, како и трговци на големо. Со инспекциските надзори утврдени се залихите на производите опфатени со одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки.Од увидот во фактурите, ПЛТ на мало и извештајот за менување на цени со кој ја намалува засметаната маржа утврдено е дека трговецот при формирање на цените на производите опфатени со Одлуката кои ги има во моментот на залиха има засметано маржа согласно истата. Инспекциски надзори се вршени и согласно член 30-а од Законот за трговија,не се утврдени неправилности.

При инспекциските надзори  кај три субјекти  беа констатирани неправилности, маржата во трговија на големо 5%, односно на мало 10%, не е во согласност со одлуката  преземени се  соодветни прекршочни мерки со издавање на прекршочни платни налози , а кај еден субјект констатирано е дека евиденцијата во трговијата не се води ажурно. При инспекциските надзори утврдено е и покачување на лебот (зголемена цена кон трговците на мало од 01.03.22).

Државниот пазарен инспекторат во текот на минатата недела посети околу 200 бензиски станици на целата територија на Република Северна Македонија. Извршените инспекциски надзори беа по основ продажбата на деривати и беше затекната следната состојба:

  • Во југоисточниот дел на РСМ имало состојба каде на 3 пумпи нема дизел и не се точи бидејќи се потрошени залихите, на другите се продава редовно. Потрошувачката е десеткратно зголемена и на поединечни пумпи се точи по 20/25 тони на ден дизел гориво, а дотурот на нови количини е забавен заради зголемената побарувачка на дизел. Има појава од транспортери дека во еден ден се враќаат по неколку пати и повлекуваат поголеми количини на дизел. Со бензинот нема проблем.
  • Во посетените бензиските пумпи во Скопје и околината затечена е следната фактичка состојба: Само во една пумпа немало гориво, во две бензиски пумпи не се точело гориво поради пријавен дефект. На другите бензиски имало гориво и нема ограничување на продажбата на нафта и нафтени деривати.
  • На подрачјето на Западна Македонија контролирани се бензиските станици во поголемиот дел од општините при што не е констатиран недостиг на нафтени деривати (извршено е мерење на залихите). На ниту една бензиска станица трговците на мало не ги ограничуваат потрошувачите во делот на продажбата на нафта и нафтени деривати ниту по количини на точење ниту по вредност на точење.
  • Од извршените инспекциски надзори на бензинските пумпи на територијата во централниот дел на Републиката не е констатирано дека има поголеми редици за точење на гориво,нема ограничување колку може да се точи гориво,во литри или во денари.Генерално не се констатирани неправилности во работењето.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)