СООПШТЕНИЕ
Во периодот од 07.03.2022 до 13.03.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 658 инспекциски надзори и 680 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.
Во овој временски период издадени се вкупно 91 решенија и 36 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 111 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.
Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 162 вонредни инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).
Во 130 контролирани објекти во трговија на големо, мало и пекари констатирано дека цените кај лебот, маслото и брашното се по набавни цени, кај другите производи цените се усогласени со 3% маржа на мало, а некаде беше во тек усогласувањето.
Неправилности се утврдени кај 33 субјекти. На 11.03.2022 казнети се 13 субјекти, од кои 8 со по 7000 евра за правно лице и 350 евра за одговорно лице во правното лице затоа што не ги намалиле цените на основните прехранбени производи. На 12.03.2022 година казнети се 20 сујекти, од кои 8 за непочитување за намалување на маржата, а 12 за немање евиденција во трговијата (односно непостоење фактори колкава е набавната цена, а колкава треба да биде продажната), за што по Законот за трговија, согласно големината на субјекот изречени се соодветни санкции.
Непочитување на одлуката е констатирано во неколку градови на територијата на Република Северна Македонија - Скопје, Струга, Охрид, Тетово, Струмица, Гостивар и Пробиштип.
И во наредниот период, контролите и надзорите од Државниот пазарен инспекторат ќе продолжат со засилено темпо на работа.