Државниот пазарен инспекторат во периодот од 14.03.2022 до 27.03.2022 година има извршено вкупно 1188 инспекциски надзори и 1251 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.
Во овој временски период издадени се вкупно 169 решенија и 47 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 170 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.
Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 253 вонредни инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).
На 25.03.2022 извршен е инспекциски надзор на подрачје Битола кај субјект кој врши дејност производство на пченично брашно.
Во периодот од 14.03.22 до 27.03.2022 година издадени се 74 прекршочни платни налози по Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, при контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022). Висината на изречените глоби е во зависност од големината на трговското друштво (микро, мал, среден или голем субјект):
- За 2 субјекти издадени се прекршочни платни налози од 7000 евра за правно лице и 350 евра за одговорно лице во денарска противвредност - утврдено е непочитување на Одлуката на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи;
- За 2 субјекти издадени се прекршочни платни налози од 3000 евра за правно лице и 2000 евра за одговорно лице во денарска противвредност - утврдено е непочитување на Одлуката на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи;
- За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.1 (400евра за правното лице и 30 евра во денарска противвредност за одговорното лице);
- За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.1 (200 евра за правното лице и 40 евра во денарска противвредност за одговорното лице);
- За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.2, в.в. со член 55 ст.1 т.10 80 евра во денарска противвредност;
- За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија член 55 став 1 точка 10, евиденцијата не се наоѓа во деловниот простор, 700 евра за правно лице, 150 евра за одговорно лице;
- За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија член 58 став 1 точка 5, трговецот не се придржува на мерките од член 30 од ЗТ- 7000 евра за правно лице, 350 евра за одговорно лице;
- За еден субјект прекршочен платен налог - 800 евра за правно лице и 50 евра за одговорно лице во правно лице по чл.30 в.в. со член 58 ст. Т.5 од Законот за трговија;
- За 8 субјекти - 16 прекршочни платни налози (8 за правно лице и 8 за одговорно лице) со вкупна вредност 33550 евра во денарска противвредност - По Одлуката за посебни услови во трговија на одделни производи;
- За 12 субјекти издадени се прекршочни платни налози по член 55 од Законот за трговија ст.1 точка 10 (во моментот на инспекцискиот надзор евиденцијата не е доставена на увид на инспекторот спротивно на член 28 став 2 од ЗТ). Глобата се движи од 50 до 800 евра согласно големината на субјектот;
- За 6 субјекти - 12 прекршочни платни налози (6 платни налози од 4.000 евра за правно и 6 платни налози од 1200 евра во денарска противвредност за одговорно лице) - Нечесно пазарно однесување чл.31-а ст.1 од Закон за заштита на потрошувачите;
- За еден субјект прекршочен платен налог - 4000 евра за правно лице и 1200 евра за одговорно лице во правно лице по чл.31-а в.в. со чл.138 ст.1 т.41 од Законот за заштита на потрошувачите;