СООПШТЕНИЕ
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 28.03.2022 до 17.04.2022 година има извршено вкупно 1581 инспекциски надзори и 1787 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.
Во овој временски период издадени се вкупно 261 решенија и 86 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 184 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.
Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 315 инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).
Во периодот од 28.03.22 до 03.04.2022 година донесени се 54 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Законот за инспекциски надзор, 2 решенија по Законот за занаетчиска дејност, 2 по Законот за трговија, 6 решенија по Законот за градежни производи и по 1 решение по Законот за метрологија, Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност и Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период донесени се 30 пријави по Законот за финснсиска дисциплина и по 1 пријава по Законот за трговија и Законот за угостителска дејност.
Во работната надела од 04.04.2022 до 10.04.2022 година донесени се вкупно 94 решенија, од кои 73 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 5 решенија по Законот за инспекциски надзор, 3 решенија по Законот за заштита на потрошувачите, 4 решенија по Законот за трговија, 4 решенија по Законот за угостителска дејност, 2 решенија по Закон за градежни производи и 3 решенија по Законот за занаетчиска дејност. Во овој временски период донесени се 19 пријави по Законот за финансиска дисциплина, 4 пријави по Законот за трговија, 1 пријава по Законот за заштита на потрошувачите и 1 пријава по Законот за заштита од пушење.
Во текот на изминатата работна недела од 10.04.2022 до 17.04.2022 година донесени се 69 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 5 решенија по Законот за инспекциски надзор, 3 решенија по Законот за заштита на потрошувачите, 7 решенија по Закон за трговија ,5 решенија по Законот за угостителка дејност, 2 по Закон за градежни производи, 4 по Закон за занаетчиска дејности по 1 решение по Закон за метрологија и Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност по различни основи во рамките на надлежностите на ДПИ. Во овој временски период донесени се 29 пријави по Законот за финансиска дисциплина и по 1 пријава по Законот за трговија и Законот за угостителска дејност.
Од Државниот пазарен инспекторат контролирани се повеќе угостителски објекти во периодот од 15-16.04.2022, кај три објекти во регионот на Струмица се издадени решенија за забрана за вршење на дејност, кај 2 објекти по 10 дена и кај еден објект 20 дена по Закон за угостителска дејност член 26 став 2 (прекорочено работно време).
Од државниот пазарен инспекторат издадено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за заштита на населението од заразни болести во регионот Тетово.